Климатските промени предизвикуваат значителен број риби да мигрираат кон север

August 16, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Климатските промени имаат влијание врз морињата, неодамнешните истражувања открија значителен број видови риби кои мигрираат кон север, при што сега на норвешките брегови се забележани 15 различни видови, за разлика од претходно кога бројот изнесуваше седум, јавува Анадолу.

Потоплите мориња предизвикаа неколку видови риби да мигрираат кон север во последните 30 години, драстично менувајќи ги локалните екосистеми, според една неодамнешна студија спроведена од Институтот за морски истражувања (IMR) и Арктичкиот универзитет во Норвешка, која открива значителни промени во популацијата на рибите покрај норвешкиот брег поради климатските промени.

Студијата, објавена вчера, анализираше 25-годишни податоци од годишните истражувања на крајбрежјето и откри значително зголемување на видовите риби во северните води.

Истражувачот на Институтот за морски истражувања (IMR), Улф Линдстром, известува дека во северна Норвешка сега може да се уловат до 15 различни видови риби, а порано бројката изнесувала од 5 до 6.

„Видови како папалина и сребрен ослиќ сега се појавуваат во северните региони“, објаснува Линдстром.

„Оваа промена може да има влијание врз интеракциите на видовите и да предизвика проблеми за локалните рибни резерви“, според Институтот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА СЦЕНАРИСТОТ СИНИША ПАВИЌ, АВТОР НА „ОТПИШАНИТЕ“, „ПОДОБАР ЖИВОТ“ И „ТЕСНА КОЖА“

Следно

Генерал-мајор Сашко Лафчиски нов началник на Генералштабот на Армијата

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop