Клековски: Нема ниту една пријава за непотребна операција, ги повикуваме пациентите да поднесат претставки доколку се сомневаат

August 29, 2025
1 min read

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, изјави дека досега немало пријави за непотребна операција по пријавата на кардиохирургот Сашко Кедев за можни непотребни хируршки зафати.

-До средата немаше ниту една пријава за евентуална постапка за непотребна операција. Ние повторно ги повикуваме сите пациенти кои се сомневаат, без разлика дали имаат материјали и документи или не, бидејќи најголем дел документите се чуваат во архивите на болниците, да поднесат претставки, рече тој во изјава за медиуми при денешната посета на болницата во Кочани.

Министерството за здравство, во меѓувреме, најави формирање на независна комисија составена од експерти од странство со цел да се утврди дали навистина се вршеле непотребни хируршки зафати во приватните здравствени установи согласно наводите на кардиохирургот Кедев. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алкалоид и Стопанска со добивки – МБИ10 над 10.450 поени

Следно

Три хороскопски знаци кои секогаш ќе изгледаат младолико

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.

Сајкоски: По години застој, автопатот Кичево-Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој

Денес остваривме теренска посета на патниот правец Кичево-Охрид, со посебен осврт на делницата кај Пресека, заедно со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта,

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно
Go toTop