Клаудија Шифер им пркоси на годините

October 7, 2025
1 min read

Имено, сликана меѓу гледачите до Лив Тајлер и Ејми Лу Вуд, во француската престолнина Шифер привлече внимание во розова чипкана кошула, светлорозови панталони и темносино палто, комбинирани со соодветни кокетни потпетици. Изгледот го комплетираше со елегантна црна кожна чанта. Германскиот модел, инаку, е заштитно лице на брендот за убавина „Бариер Батер“ (Barrier Butter) и беше лично избрана од основачката Хејли Бибер, која сакаше „некој кој може да внесе култна енергија“ во таа кампања.

Зборувајќи за британското издание на „Вог“ за тоа како го одржува својот изглед што ѝ пркоси на возраста, Шифер рече дека е голем застапник на здрава исхрана, и така ја одржува својата беспрекорна кожа.

– Ретко пијам алкохол, и внесувам храна со малку јаглехидрати, шеќер и млечни производи, вели таа, додека нејзиниот најголем пријател околу младоликоста е – водата. – Се обидувам да пијам три до четири литри вода секој ден – тоа е тешко и морам да се сосредоточам на тоа, но си купувам голем филџан и постојано го полнам со вода. Си велам дека нема да си легнам додека не испијам барем три, изјави Шифер.

Таа во претходна прилика призна дека нејзиниот фокус се променил откако се омажи. Со британскиот режисер Метју Вон со кого е в брак од 2002 година, имаат три деца – Каспер (2003), Клементина (2004) и Козима (2010).

– Кога бев во моите дваесетти и патував низ светот, мојот фокус беше на мојата кариера – напорна работа, натпреварување и достигнување на врвот. Тоа се промени кога добив деца, а сега се чувствувам среќна што имам толку прекрасно семејство. Горда сум на моите деца, тие се многу приземјени и нивната благосостојба е мој и приоритет на мојот сопруг. Можев да учествувам на многу повеќе писти, фотосесии и други проекти. Но, одржувањето рамнотежа што ми овозможува да минувам повеќе време со моето семејство и да бидам тука кога им требам е многу поважно од работењето на некоја нова, одлична кампања, изјави таа за британското списание „Хело“ (Hello).

Така станала, вели, помалку „конкурентна“ и, иако знае дека може да преземе повеќе работа ако сака, сепак, е задоволна од својот сегашен живот – подалеку од рефлекторите.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Велика Британија не е единствената земја која воведе дигитални лични карти – има уште 15, а некои се и во Европа!

Следно

Коњановски: Новата зграда на пожарникарите е инвестиција во безбедноста на Битола

Latest from Blog

Божиновска: Македонија станува важен регионален партнер во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека енергетиката денес бара силни, функционални и одржливи партнерства што носат конкретни резултати, нагласувајќи дека регионалниот дијалог е неопходен за иднината на

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на
Go toTop