Киселова го победи Rадев: Уставниот суд пресуди контра евро-референдумот на бугарскиот претседател

June 11, 2025
1 min read

Уставниот суд на Бугарија го прогласи за недозволено барањето на претседателот Румен Радев, со кое тој се спротивстави на одлуката на претседателката на парламентот, Наталија Киселова, да не дозволи разгледување на иницијативата за распишување референдум за воведување на еврото како официјална валута од 1 јануари 2026 година

Со оваа одлука, станува извесно дека во Бугарија нема да се одржи референдум за замената на левот со еврото, што практично ја затвора вратата за директно народно изјаснување по ова прашање пред планираниот влез во еврозоната.

Претседателот Радев ја објави иницијативата за референдум на 9 мај, Денот на Европа, во телевизиско обраќање до јавноста. Барањето го достави до парламентот една недела подоцна, но спикерката Киселова веднаш го одби како противуставно. По ова, Радев се обрати до Уставниот суд, кој сега едногласно го отфрли случајот како неоснован.

Во одлуката, Судот оценува дека не е негова надлежност да пресудува дали парламентот е должен да се изјасни по иницијативи за референдум поднесени од претседателот на државата, ниту дали претседателот на Собранието има право да ги одбие.

Иако одлуката беше донесена со мнозинство, судиите Атанас Семов, Сашо Пенов и Јанаки Стоилов изразија издвоено мислење, а посебна белешка приложи и судијката Невин Фати.

Одлуката доаѓа во момент на зголемени дебати во бугарското општество околу подготвеноста на земјата за приклучување кон еврозоната и замена на левот со еврото.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Се случува тотален дебакл на економски план

Следно

Николоски: Формирано Координативно тело кое ќе ја следи реализацијата на Договорот со Велика Британија

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop