Кипар укинува голем дел од Ковид мерките

March 31, 2023
1 min read

Укинување на задолжителната маска во јавниот превоз, намалување на плафонот на цените на тестовите, укинување на задолжителниот сертификат за вработените во болниците и центрите за стари лица, укинување на задолжителната изолација од 14 дена за нелегалните мигранти кои пристигнуваат во земјата, се дел од промените што ги воведува Кипар во однос на Ковид-19.

Како што пренесуваат кипарските медиуми, со веќе објавениот претседателски декрет, дополнително се олабавуваат или целосно се укинуваат дел од постоечките мерки за заштита од Ковид-19.

Поконкретно, за посета на болниците, старечките домови и други затворени структури за грижа и сместување на стари лица и ранливи групи, остануваат задолжителни и негативниот тест за лица над 12-годишна возраст и употребата на заштитна маска.

Непроменети остануваат и упатствата за задолжителна изолација од пет до седум дена за позитивните случаи, додека пак се укинува префрлањето на заразените од хотели во специјални простори за изолација.

Промени има и во цените на тестовите, односно плафонот за ПЦР од 30 се намалува на 25 евра, а на брзиот тест од десет на пет евра.

Во изминатата седмица на Кипар биле регистрирани 950 случаи на Ковид-19 и починале четири лица.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Над: Словачка планира да го зголеми производството на муниција за снабдување на Украина

Следно

На церемонија во Истанбул претставена платформата за дигитални вести ТРТ Африка

Latest from Blog

Фото: Во Белград уништен мурал на Ѓоковиќ

 Делото на уметникот и активист Андреј Јосифовски, познат како Пијанистот, беше инспирирани од познатото „пумпање“ на Новак за време на овогодинешниот Вимблдон. На муралот што го прикажува Ѓоковиќ во момент на карактеристична

Лига Шампиони: Спектакл во Лондон, шампионот на гости кај Леверкузен, Наполи и Елмас на мегдан со ПСВ

ФОТО: UEFA.COM/X Вечерва се играат девет меча од 3.коло во Лигата на Шампионите. Тоа значи дека најквалитетниот европски клупски фудбал повторно е на сцената. Секако дека дербито на денот се игра на
Go toTop