Кинезите пак верглаат за мировен план

April 13, 2023
1 min read

„Украина претрпе масовна загуба на животи, територија и инфраструктура во војната, и можно е да се разочара ако очекува дека западните држави ќе ја платат сметката за реконструкција на земјата.

Реалистична спогодба би вклучила Украина да се прогласи себе си за неутрална држава, а Русија да се согласи да го финансира реконструирањето со фондовите заробени од западните држави,“ пишува Даниел Ковани во текстот објавен од Саут чајна морнинг пост.

Тој тргнува пофално за Украинците кои според него му покажале на светот дека со западна поддршка се незапирлив противник. Но во исто време на Украинците им снемува муниција а нивните западни сојузници не можат да ги снабдат доволно брзо.

Разбирајќи го почетното одбивање на Украина да седне на преговарачка маса во првите денови од војната, Ковани во колумната за СЦМП предупредува дека Украина сега ризикува не само да ја загуби војната, туку да ги искомплицира работите и по крајот на војната.

Главно ова се однесува на подготвеноста на Западот да го финансира обновувањето на земјата, а предупредувањето од СЦМП е дека помошта од Западот и во моментов веќе слабее и ќе продолжи да слабее како што се влошува состојбата на нивните економии.

„Имајќи го тоа предвид, реалистична спогодба за Украина би била нешто отприлика: Украина се прогласува себе си за неутрална држава и се демилитаризира до потребното ниво за да се смета за вистински неутрална и не-воинствена. Русија ја купува територијата што ја освои од Украина со нејзините средства замрзнати од Западот.

Парите се користат за обновување кое го надгледува независно тело назначено и под надзор на Советот за безбедност на О.Н. за да се осигура дека финансиите потребни за реконструкцијата на Украина не се употребуваат за друго нешто или се изгубени заради корупција,“ предлага Ковани.

Како преседан за ова Ковани го наведува мировниот договор за Мексиканско-Американската војна од 2 февруари 1848, според кој САД треба да му исплати на Мексико тогашни 15 милиони долари, за мексиканската територија што ја има освоено (главно Калифорнија и добар дел од денешниот западен САД). Кавани потсетува дека и тогаш мексиканската влада се согласила на преговори само откако американската војска стигнала и ги освоила и главниот град на земјата.

„Украинските лидери треба да ја проголтаат својата гордост и да склучат примирје пред да исчезнат и последните траги од нивните адути и тие немаат никакво учество во крајниот исход од конфликтот и што ќе се случува по него,“ предупредува колумнистот на кинескиот СЦМП.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ревизорски извештај: Арачиново не наплаќа данок на имот и комунални такси од фирмите

Следно

(ВИДЕО) Рамномерен регионален развој во офсајд

Latest from Blog

Кои се сестрите Надер? Ги нарекуваат новите Кардашијан

Серијата во голема мера се потпира на проверена и вистинита формула: атрактивните сестри се ослободуваат од традиционалното воспитување, минуваат низ јавни раскинувања, лансираат модни линии и се караат пред камерите за време

Поранешниот голман на Арсенал го купува славниот клуб од Минхен и ќе гради нов стадион

фото: Sky Sports UK (X) Поранешниот голман на Арсенал и на германската репрезентација, Јенс Леман, ќе стане ко-сопственик на германскиот третолигаш Минхен 1860, објави „Абендцајтунг“. Според изворот, поранешниот голман е сериозно решен

Пoчина политичкиот активист Чарли Кирк

Политичкиот активист и подкастер Чарли Кирк почина, објави Доналд Трамп на Truth Social. Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека конзервативниот активист Чарли Кирк почина откако беше застрелан на настан во

Градското дерби на Манчестер осакатено: 12 играчи го пропуштаат неделниот меч на „Етихад“

Голем бран на повреди ги погоди таборите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед пред големото дерби кое ќе се игра на „Етихад“ овој викенд. Двата тима ќе го дочекаат дербито со „десеткуван“

РК Загреб поразен во Битола – Еурофарм Пелистер стартува со победа во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер од Битола започна успешно новата сезона во Лигата на шампионите, совладувајќи го поранешниот европски првак Загреб со резултат 25-23. Натпреварот, кој се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, беше прв
Go toTop