Кина воведе царина од 84 отсто за американските производи во услови на трговската војна

April 10, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Новата царина од 84 отсто што Кина ја воведе како одмазднички одговор на зголемените царини на американскиот претседател Доналд Трамп за кинескиот увоз стапи на сила денес, додека тензиите во трговската војна меѓу двете најголеми светски економии продолжуваат да ескалираат, јавува Анадолу.

Во низата контрамерки, како одговор на првиот бран американски царини, Кина воведе реципрочна царина од 34 отсто кон САД. Откако Трамп ги зголеми царините на 104 отсто за кинескиот увоз, Пекинг возврати со 84 отсто царина за американските производи.

Во средата Трамп повторно ги зголеми царините, овој пат на 125 отсто.

Покрај царините, Кина стави и 18 американски компании на списокот со трговски ограничувања, воведувајќи и други контрамерки, а двете страни не покажуваат знаци на повлекување од трговската конфронтација.

Кина најави интензивирана соработка со трети земји за да се ублажат ефектите од трговската војна со САД. Кинескиот претседател Си Ѓинпинг следната недела треба да посети неколку земји од Југоисточна Азија, вклучително и Малезија.

Во меѓувреме, Кина и Европската Унија се обврзаа на заедничка поддршка на мултилатералниот трговски систем чиешто јадро е Светската трговска организација (СТО), соопшти кинеското Министерство за трговија.

Овој договор бил постигнат на виртуелен состанок меѓу кинескиот министер за трговија Ванг Вентао и европскиот комесар за трговија и економска безбедност Марош Шефчович, јави денес државната новинска агенција Синхуа.

Тие разговарале за низа прашања, вклучително и за зајакнување на економската и трговската соработка меѓу Кина и ЕУ и одговори на американските „реципрочни царини“.

Шефчович изјави дека американските царини сериозно го нарушуваат меѓународниот трговски систем и дека ЕУ е подготвена да соработува со другите членки на СТО, вклучително и Кина, за да се обезбеди нормално функционирање на глобалната трговија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

СДСМ прашува: Зошто четири недели по трагедијата во Кочани се уште нема проширување на истргата?

Следно

Руската и американската делегација вторпат се сретнаа во Истанбул

Latest from Blog

Стентон Градба ја обнови јужната трибина на „Петар Милошевски“ – Битола доби современ фудбалски дом

Градежната компанија Стентон Градба ја заврши реконструкцијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, обезбедувајќи младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година да ги одигра домашните квалификациски натпревари во

Изет Меџити: Чаир станува пример за модерно предучилишно образование

Општина Чаир продолжува да поставува нови стандарди во предучилишното образование, со цел да обезбеди квалитетна грижа и образование за најмалите. Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој е и

Притвор за игуменот и други пет лица уапсени за продажба на икони и реликвии во Грција

Мерка притвор им е одредена на игуменот на грчкиот манастир Успение на Пресвета Богородица на Пелопонез, на неговиот помошник и на уште четрири други лица кои во понеделникот беа уапсени за поседување
Go toTop