Кина соопшти дека успешно тестирала испорака со дрон на Монт Еверест

June 5, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Кина денес соопшти дека успешно го завршила првото тестирање на испорака со дрон на Монт Еверест, највисока планина во светот, од непалската страна, поплочувајќи го патот за олеснување на планинарењето на големи надморски височини, итни спасувања и операции за заштита на животната средина, објавија државните медиуми, пренесува Анадолу.

Во априлското тестирање се користел дронот FlyCart 30 на производителот DJI, при што се пренесени три боци со кислород и 1,5 килограми други резерви од базниот камп (на надморска височина од 5.364 метри) до Камп 1 (на околу 6.000 метри) на највисокиот врв на светот, познат и како планината Ќомолангма во Кина, а за назад е земен отпадот, објави кинеската новинска агенција Синхуа.

Дронот може да носи залихи во тежина од 15 килограми меѓу камповите за 12 минути во повратен лет, дење или ноќе, според кинескиот производител на дронови DJI.

За време на тестирањето, FlyCart 30 летал на височина од 6.191,8 метри на Монт Еверест сместен на границата меѓу Непал и Кина, кој може стабилно да носи товар од 15 килограми на надморска височина од 6.000 метри.

„Способноста за безбедно транспортирање на опрема, залихи и отпад со дронови има потенцијал да ја револуционизира планинарската логистика на планината Ќомолангма, да ја олесни работата за чистење на отпадот и да ја подобри безбедноста за сите“, истакна Кристина Џанг, виш директор за корпоративна стратегија во DJI.

По тестирањето, непалска компанија за дронови доби договор за започнување на операции за испорака со дронови на Монт Еверест од 22 мај, соопшти производителот на дронови.

Дронот на DJI се користи и за симнување на отпад од јажиња и скали.

„Планираме да го користиме на планината Ама Даблам во есенската сезона на искачување“, рече Јагат Прасад Бусал, главен административен службеник на непалската рурална општина Хумбу Пасанг Ламу, каде што се наоѓа Монт Еверест.

Планината Ама Даблам висока 6.812 метри се наоѓа во источниот хималајски венец во Непал.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Менструални маки- весник наместо влошка, срам наместо прифаќање

Следно

„Туркиш ерлајнс“ по седми пат прогласена за највреден бренд на Туркије

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава
Go toTop