Кина повлекува над 4 милиони возила поради ОПАСНОСТ ОД СКРИЕНИТЕ РАЧКИ НА ВРАТИТЕ

August 24, 2026
1 min read

Кина
иницираше
повлекување на
повеќе од четири милиони возила поради безбедносни проблеми со скриените рачки
на вратите кои се вовлекуваат во каросеријата. Мерката опфаќа 2,98 милиони
автомобили на Tesla произведени во Кина, а повод се поплаките дека таквите
рачки тешко се наоѓаат и користат во итни ситуации. Осве
н за Тесла, повлекувањето се однесува и на
модели на кинеските производители XPeng, Xiaomi и Geely, пишува
Би-би-си.

Проблематичен
дизајн

Скриените
рачки, кои ги популаризираше директорот на
Тесла, Илон Маск, се дизајнирани така што
се порамнети со вратата и се извлекуваат дури кога сопственикот ќе се приближи
до автомобилот. Овој дизајн стана предмет на истрага по две сообраќајни несреќи
со смртен исход во Кина во кои учествуваа електрични автомобили на Xiaomi.
Постои сомнеж дека во тие случаи прекинот на струја оневозможил отворање на
вратите.

Реакцијата
на
Тесла

Тесла
во петокот соопшти дека повлекува дел од своите модели Model 3, Y, S и X. Како
причина наведуваат дека рачките се „тешко препознатливи и со нив тешко се
управува бидејќи бојата им е слична со внатрешноста“. Од компанијата
истакнуваат дека тоа би можело да ги спречи патниците или спасувачите брзо да
ги отворат вратите во итни ситуации, на пример при „тежок судир што
предизвикува дефект на нисконапонскиот систем на возилото“.

Од Тесла најавија дека на повлечените возила
ќе постават налепници со предупредување и ќе објават софтверска надградба која
автоматски ќе ги спушти прозорците по судир. Засега не е познато дали и другите
компании планираат слични повлекувања надвор од Кина.

Копирање
на дизајнот и привремени решенија

Ту Ле,
основач на консултантската компанија Sino Auto Insights, изјави дека употребата
на скриените рачки се проширила откако кинеските производители почнале да го
копираат елегантниот изглед на Model S на Tesla од 2014 година. Тој смета дека
налепниците и софтверската надградба се привремено решение, а не траен одговор
на проблемот.

Нови
правила во Кина

Кинеските
власти уште во февруари најавија забрана за скриените рачки. Новите правила
стапуваат на сила на 1 јануари 2027 година и пропишуваат дека во Кина ќе можат
да се продаваат само автомобили кои имаат механичко отворање на вратите од
внатрешната и надворешната страна.

Истрага и
во САД

Рачките на Тесла ги истражуваат и американските
регулатори по пријавите дека ненадејно престанувале да работат, поради што деца
останувале заробени во возилата. Американската Национална управа за безбедност
на сообраќајот на патиштата (NHTSA) во јули предложи нов безбедносен стандард
за сите производители на автомобили.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Активни четири пожари и четири под контрола

Следно

Битола со рекордни вложувања во спортот и силна поддршка за културата

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop