Битола со рекордни вложувања во спортот и силна поддршка за културата

August 24, 2026
1 min read

Летото влегува во својата завршница исто како и битолското културно лето „Бит Фест“, но и реализацијата на големите спортски училишни инфраструктурни проекти кои изминативе месеци со голема динамика се градеа.

За „Бит Фест“ на утрешната прес конференција ќе се направи рекапитулација на содржините за сечиј вкус кои културно го раздвижија градот, а фестивалот ќе биде заокружен со јубилејниот концерт на битолската група „Фолтин“.

Кога зборуваме за парите, Општината преку програмата за култура во текот на годината вложува 45.100.000 денари во што влегуваат традиционалните фестивали, програми како и функционирањето на Културниот и информативен центар.

Наспроти овие околу 45 милиони денари за култура, за спортската инфраструктура во кои влегуваат спортските игралишта во училиштата и во една населба, како и четирите училишни спортски сали вкупната сума во буџетот на Општина Битола е седум пати повисока и изнесува 310.412.172 денари.

Пред стартот на новата школска година во завршна фаза влегува изградбата на спортските училишни терени кои со своите модерни и современи услови ќе бидат вистинско место за реализација на спортските активности во рамките на образовниот процес.

Основните училишта во Општина Битола добиваат 24 спортски терени, места каде ќе се развива и гради спортскиот дух.

Во делот на спортската инфраструктура следуваат и нови проекти. Во соработка со Фудбалската федерација на Македонија ќе следува целосна реконструкција на „Ќумурното игралиште“, а ќе се гради и нов спортски терен помеѓу него и спортската сала „Боро Чурлевски“.

Битола може да се гордее со реализација на големи спортски инфраструктурни проекти и негување на културата и традицијата на градот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина повлекува над 4 милиони возила поради ОПАСНОСТ ОД СКРИЕНИТЕ РАЧКИ НА ВРАТИТЕ

Следно

Чеферин му испрати жестока порака на Инфантино: Не ме интересира…

Latest from Blog

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст и инвестициите се доказ дека политиките даваат резултати

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен
Go toTop