Кина подготвува одговор на новите американски царини

March 3, 2025
1 min read

Кина подготвува контрамерки за да се спротивстави на новите царини воведени од САД, зголемувајќи го влогот во ескалацијата на трговската војна помеѓу двете најголеми економии во светот, објави кинескиот весник „Глобал тајмс“.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела и се закани на Кина со дополнителни 10 отсто царини, кои треба да стапат во сила утре, со што кумулативните царини ќе достигнат 20 отсто. Покрај тоа, тој го обвини Пекинг дека не прави доволно за да го спречи шверцот на фентанилот во САД, што Кина го опиша како „обид за уцена“.

Кина проучува и формулира контрамерки за да одговори на заканата од САД за воведување дополнителни 10 отсто царини за кинески производи под изговор за спречување на шверцот со фентанил, објави „Глобал тајмс“ повикувајќи се на неименуван извор.

Контрамерките најверојатно ќе вклучуваат царини и низа други мерки, а списокот најверојатно ќе вклучува земјоделски и прехранбени производи

По најавата на американскиот претседател, Пекинг имаше помалку од една недела да смисли контрамерки или да постигне договор. Според аналитичарите, Пекинг сè уште се надева на преговори со администрацијата на Трамп.

Кина е најголем пазар за американските земјоделски производи и покрај падот на увозот по 2018 година, кога Пекинг воведе царини од 25 проценти на сојата, говедското и свинското месо, пченица, пченка и сиракот во 2018 година, како реципрочна мерка на царините наметнати од Трамп за кинеските производи.

Кина во 2004 година увезе американски земјоделски производи во вредност од 29,25 милијарди долари.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Научна конференција за новите предизвици во високото образование и синдикалното движење

Следно

„ЗА ИЛИ ПРОТИВ“ се враќа на ТВ Алфа

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop