Кина: Новите царини на Трамп го поткопуваат мултилатералниот трговски систем

April 3, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кина денес ги повика Соединетите Американски Дрќави (САД) да ги решаваат своите трговски разлики со другите земји на рамноправен начин, велејќи дека новите царини што ги најавил американскиот претседател Доналд Трамп претставуваат чекор што го поткопува мултилатералниот трговски систем заснован врз правила, јавува Анадолу.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, за новинарите во Пекинг изјави дека Кина „решително ќе преземе контрамерки за да ги заштити своите интереси“.

„Во трговска војна нема победник, а протекционизмот не води никаде. Кина ги повикува САД веднаш да ја исправат својата погрешна постапка и да ги решат трговските разлики со другите земји, вклучително и со Кина, на рамноправен, почитувачки и заемно корисен начин“, додаде Гуо.

Реакцијата на Пекинг дојде откако САД воведоа „реципрочни царини“ за своите трговски партнери, вклучително и царина од 34 отсто за Кина, што беше објавено од Трамп вчера.

Гуо оцени дека овој потег на американскиот претседател „сериозно ги прекршува правилата на Светската трговска организација и го поткопува мултилатералниот трговски систем заснован врз правила“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Делумно помилуван Ѓоко Поповски, обвинет во случаите „300“ и „Тенк“ на поранешното СЈО

Следно

Македонската репрезентација останува 67. на априлската ФИФА ранг-листа

Latest from Blog

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе
Go toTop