Кина ја поддржа Србија во однос на Косово и заштитата на суверенитетот

May 31, 2023
1 min read

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Мао Нинг, го обвини избувнувањето на насилството на северот на Косово за непочитување на српските политички права

По конфликтот меѓу српските демонстранти во косовската општина Звечан и мировните сили на НАТО во Косово (КФОР), Кина ја изрази својата поддршка за напорите на Србија за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритетот, јави регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Мао Нинг, го обвини избувнувањето на насилството на северот на Косово за непочитување на српските политички права.

„Се спротиставуваме на едностраните акции на привремените самоуправни институции на Косово“,

рече шефот на кинеската дипломатија на прес-конференција.

И покрај тоа што косовските Срби ги бојкотираа локалните избори за градоначалници во општините со мнозинско српско население и се обидуваат да ги спречат новите албански градоначалници да ги извршуваат функциите, Мао рече дека на Србите им се нуди контрола над општините каде што се мнозинство.

„Го повикуваме НАТО да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет и да го направи она што всушност води кон регионален мир“,

рече министерот за надворешни работи на Кина, пренесе РСЕ.

Србите кои се населени на северот на Косово на 26 мај почнаа да протестираат во општините каде што се мнозинство, противејќи се на новоизбраните албански градоначалници.

По почетокот на тензиите, Србија ја подигна борбената готовност на својата армија на највисоко ниво и распореди воени единици на позициите во близина на границата со Косово.

За време на конфликтот со српските демонстранти на 29 мај, 30-ина војници на мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, беа повредени.

Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, објави дека во Косово ќе бидат испратени дополнителни 700 војници.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Издаден налог за апсење на Даглас Коста

Следно

КФОР поставува бодликава жица околу општинската зграда во Звечан

Latest from Blog

Средба со директорот за статистика  на ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката

Директорот за статистика на ММФ, Алберт Крусе, искажа задоволство од натамошниот напредок на Народната банка во областа на статистиката, со позитивна оцена за квалитетот, обемот и навременоста на објавените податоци, коишто се

Самостојна изложба на уметничка фотографија на Глигор Максимовски во Белград

Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – МОТУС од Куманово заедно со својот Фото Клуб „МОТУС“ во период од 29 април (вторник) 2025, во просториите на Атеље и Галерија

,,Ние заслужуваме одговори“- Семејствата на настраданите од Кочани утре на протестен марш во Скопје

Семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во вторник ќе организираат ,,Марш за ангелите” во Скопје со почеток во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција. Според

Демократската партија на Албанија за лобирање ќе плати шест милиони долари на американска компанија

Опозициската Демократска партија на Албанија потпиша договор за лобирање вреден шест милиони долари со американската компанија Continental Strategy, која ја водат луѓе блиски до претседателот Доналд Трамп, објавија албанските медиуми. Договорот, кој

Писториус: Предлогот на Трамп за Украина е еднаков на капитулација

Украина не треба да се согласи на најновиот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп да отстапи големи територии во замена за прекин на огнот со Русија, бидејќи тоа би било „капитулација“, изјави
Go toTop