Кина и Франција ги поддржуваат напорите за враќање на мирот во Украина, објавија владите на двете земји

April 7, 2023
1 min read

Во заедничкото соопштение се вели дека Кина и Франција „ги поддржуваат сите напори за враќање на мирот во Украина врз основа на меѓународното право и целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации“. Во заедничката изјава не се споменува Русија, ниту, пак, се осудува нејзината инвазија на Украина

Во меѓувреме, Кремљ вели дека ги следел „важните разговори“ меѓу кинескиот претседател Си Ѓинпинг, францускиот претседател Емануел Макрон и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, но се сомнева оти Кина би можела да го промени својот став за украинскиот конфликт

Додека францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Кина, Си Ѓинпинг, го привршуваа тридневниот самит, владите на двете земји објавија заедничка изјава во која е наведено дека ги поддржуваат мировните напори и се спротивставуваат на нападите врз нуклеарните постројки во Украина.

Во заедничкото соопштение се вели дека Кина и Франција „ги поддржуваат сите напори за враќање на мирот во Украина врз основа на меѓународното право и целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации“.

Фото: EPA-EFE/Ng Han Guan

Исто така, се вели дека ги поддржуваат напорите Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ја гарантира безбедноста на нуклеарните инсталации, вклучително и нуклеарната централа Запорожје.

Во заедничката изјава не се споменува Русија, ниту, пак, се осудува нејзината инвазија на Украина.

„Важно е страните во конфликтот да го почитуваат меѓународното хуманитарно право и да обезбедат безбеден, брз и непречен пристап до хуманитарна помош“,

се додава во соопштението.

Претседателството на Франција претходно објави дека Ѓинпинг е подготвен да му се јави на својот украински колега Володимир Зеленски за првпат од почетокот на инвазијата, но додаде дека кинескиот претседател ќе го стори тоа кога ќе оцени дека моментот за тоа е погоден. Сепак, ова не се споменува во заедничкото соопштение.

Во меѓувреме, Кремљ вели дека ги следел „важните разговори“ меѓу кинескиот претседател Си Ѓинпинг, францускиот претседател Емануел Макрон и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, но се сомнева оти Кина би можела да го промени својот став за украинскиот конфликт.

„Кина не е тип на земја која брзо ги менува своите позиции под надворешно влијание“,

изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, на прашањето дали Русија е загрижена дека Европа може да го убеди Си за Украина.

Во февруари годинава Кина објави документ од 12 точки во кој е наведена нејзината позиција за конфликтот во Украина. Некои дипломати сметаат дека овој документ може да послужи како мировен план и да ги поттикне Москва и Киев на разговор.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија официјално го обвини за шпионажа американскиот новинар Гершкович

Следно

Србија уште се бори со коронавирусот: 644 нови случаи, 4 починати лица

Latest from Blog

Загинаа 50 лица откако потона брод со мигранти во Средоземното море

Околу 50 мигранти загинаа откако нивниот брод потона во централниот дел на Средоземно море. Веста ја објави доцна синоќа весникот „Тајмс оф Малта“, јавува агенцијата Анадолија. Вооружените сили на Малта потврдија за малтешки

Отворен јавен повик за членови во Управен и Надзорен одбор на „Нискоградба“ Битола

Општина Битола го објавува јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Управен и Надзорен одбор за материјално-финансиското работење на КЈП „Нискоградба“ Битола. Предмет на

Чорба од леќа и зеленчук

Вкусно, едноставно и брзо јадење кое ќе ни го зајакне имунитетот и убаво ќе нè стопли во текот на овие зимски денови… Состојки: 200 грама леќа маслиново масло 1 кромид 1 морков

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не беше заинтересиран за јавните здравствени установи како што беше за приватната „Жан Митрев“, ако успеел во намерата ќе приватизирал јавни пари

Дали буџетот на клиничката болница „Жан Митрев“ растел во време на мандатот на Венко Филипче како министер за здравство, за да тој си подготви профитабилен бизнис? Со зголемување на буџетот на болницата

Што да направите кога ќе паднете во неволја: Еве што е подобро наместо да се жалите

Неволјите секогаш одземаат нешто. Понекогаш илузии, понекогаш луѓе, а понекогаш сигурноста. Но, истовремено, го принудуваат човека да се сврти кон себеси. Во тишина и немоќ, човекот учи како да живее поинаку –
Go toTop