КИМ КАРДАШИЈАН (ЗА МАЛКУ) ЌЕ СТАНЕШЕ АДВОКАТ. Но, што ќе биде откако падна на испитот

November 11, 2025
1 min read

Сонот на Ким Кардашијан за адвокатска кариера останува на чекање. Реалити ѕвездата и бизнисменка откри дека повторно паднала на правосудниот испит, а во видео на „Тик-ток“ се пожали дека гатачите ѝ дале лажна надеж дека ќе успее.

Само да знаете, сите тие гатачи со кои се гледавме – сите се полни со сра*а. Ми рекоа дека ќе го положам испитот, а сите се патолошки лажговци. Не им верувајте на ништо!“, рече Ким додека се подготвуваше за роденденот на мајка ѝ Крис Џенер.

Иако разочарана, Ким нагласи дека не се откажува и дека ќе продолжи со подготовките додека не го положи испитот. „Шест години сум на овој пат и нема да се предадам. Неуспехот не е пад – тоа е гориво“, напиша таа на Инстаграм.

Кардашијан (45) сака да тргне по стапките на својот покоен татко, адвокатот Роберт Кардашијан, кој беше дел од одбраната на О. Џ. Симпсон. Таа полагала во јули, по четиригодишен правен програм, и вели дека ќе остане посветена додека не ја добие својата адвокатска лиценца.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ужас на излет: Потона катамаран, преполн со туристи (ВИДЕО)

Следно

Пет историски лаги во кои луѓето веруваат и ден-денес

Latest from Blog

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop