Килијан Мбапе заврши во болница

June 19, 2025
1 min read

Килијан Мбапе (26) има акутен облик на гастроентеритис и е хоспитализиран за да се подложи на разни тестови и да добие соодветен третман.

Мбапе почна да се чувствува лошо по тренингот во понеделник, 48 часа пред натпреварот против Ал Хилал, и оттогаш не само што не може да тренира, туку едвај ја напушта својата соба.

Со вода и овошје, Килијан е ограничен во својата хотелска соба од 16 јуни, целосно изолиран од своите соиграчи и без сила да функционира нормално. Иако тренерот Чаби Алонсо на прес-конференција еден ден пред натпреварот изјави дека ќе го чека Мбапе до последен момент, Французинот не можеше ниту да оди на стадионот со тимот за да го гледа натпреварот од трибините. Тој остана во хотелот.

Бидејќи неговата состојба не се подобрува како што се очекуваше, Реал Мадрид одлучи да го префрли во болница за поблизок медицински надзор, дополнителни тестови и посоодветен третман.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Инцидент во Советот на Општина Кочани, општинска службеничка удрена со шише во глава

Следно

Крстевски во 24 анализа: Акиов мора правно да одговара

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека
Go toTop