Килде опериран, помина без фрактури- објави ФОТО од болница

January 14, 2024
1 min read

Норвешката скијачка ѕвезда Александер Амот Килде,кој вечра падна при голема брзина на трката во спуст во швајцарски Венген и заврши во заштитната ограда, е опериран во болница во Берн, но избегна фрактура на коските и повреда на лигаментите на коленото.

„Благодарен сум на сите зборови на љубов и поддршка. Овој спорт може да биде брутален, но сè уште го сакам“, порача 31-годишниот Килде преку социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од болничкиот кревет, заедно со неговата девојка, најдобрата светска скијачка Микаела Шифрин.

Килде доживеа пад пред последниот свиок на спустот во Венген и со хеликоптер беше пренесен во болница.

„Нема скршеници на коските, но е повреден“, изјави др. Марк Јакуб Штраус, кој е на чело на лекарскиот тим под чиј надзор е Килде во болницата во Берн.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инспекции за издржливост на зградите

Следно

Реал Мадрид доминантно до трофејот од Суперкупот

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop