Кичево добива новогодишно – божиќен лик

December 16, 2023
1 min read

реклама


 Традиционално, Кичево се подготвува за празничните денови, во што се вклучени претставници од граѓанскиот сектор, а во што поддршка имаат и од локалната власт.

-И млади и возрасни, сите сме во празнично расположение. Во тоа се  вклучени  учениците во училиштата кои изработуваат лампиони и разни украси.  Плоштадот веќе добива новогодишно-божиќен лик, меѓу другото и со поставената голема божиќна пештера,   вели Филип Тинтоски од здружението “Козма Пречистански”.

реклама

Додава дека Кичево за секој празник е полн со нови изненадувања и поради тоа станува место во кое секој жител, но и посетител, може да празнува со голема радост.

-Предвидени се многу нешта, забава за најмладите, новогодишната елка и куќичката за Дедо Мраз веќе се поставени, ќе има и  воз за деца, пакетчиња, божиќен концерт, и слично. Празнувајќи во ваков амбиент, сите чувствуваме дека само вака за сите животот станува поубав: преку заедничка желба за доброто на сите, посочува тој.

реклама

Тинтоски оценува дека Кичево е „одличен пример како сите заедно можеме да направиме убави нешта, посебно на радост на најмладите.

Во име на организаторите изразува благодарност до градоначалникот Фатмир Дехари, кој редовно дава поддршка, како и до фирми, родителите и самите деца, кои учествуваат во реализацијата на оваа значајна активност. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кувајтскиот шеик, емирот Ахмед Наваф ал-Ахмад ал Џабер ал-Сабах почина во 86 година од животот

Следно

Американскиот носач на авиони останува во Средоземното Море во близина на Израел

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop