КФОР: Приштина и Белград да преземат одговорност за настаните на северот на Косово

May 30, 2023
2 mins read

Двете страни треба да преземат целосна одговорност за она што се случи и да спречат каква било понатамошна ескалација, наместо да се кријат зад лажните наративи, вели командантот на мисијата на КФОР

ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Командантот на КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристуча побара од Косово и Србија да преземат целосна одговорност за настаните што се случија вчера на северот на Косово и да не се кријат зад лажните наративи.

Ристуча, исто така, побара од партиите да спречат секаква понатамошна ескалација на ситуацијата, пишува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.

Мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР, соопшти дека за време на протестот во општина Звечан, вчера, биле повредени 30 нивни војници.

„Од повредените војници, 11 се од италијанскиот и 19 од унгарскиот контингент. Тие се здобиле со повеќе повреди, меѓу кои и скршеници и изгореници од рачно изработени експлозивни направи. Тројца унгарски војници се ранети со употреба на огнено оружје, но повредите не се опасни по живот“,

соопшти КФОР, пренесува РТС.

Од КФОР велат дека го зголемиле своето присуство во четири општини во северно Косово за да го намалат ризикот од ескалација откако новоизбраните градоначалници се обидоа да ја преземат функцијата.

Во соопштението се наведува дека командантот на мисијата на КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристуча лично го следи развојот на ситуацијата и изразува солидарност со војниците на НАТО кои беа повредени за време на конфликтот и нивните семејства.

Ристуча рече дека неиспровоцираните напади врз единиците на НАТО се неприфатливи и дека КФОР ќе продолжи непристрасно да го исполнува својот мандат. 

„За да се избегнат конфликти меѓу страните и ризикот од ескалација, мировните сили на КФОР спречија закани по животите на косовските Срби и на косовските Албанци. Двете страни треба да преземат целосна одговорност за она што се случи и да спречат каква било понатамошна ескалација, наместо да се кријат зад лажните наративи“,

вели Ристуча.

КФОР, како што е наведено, ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки за да обезбеди безбедна средина и слобода на движење за сите заедници во Косово, во согласност со мандатот заснован на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година.

По синоќешните тензии на северот на Косово, ноќта поминала мирно, а утрово силите на КФОР, со опрема за разбивање на демонстрации веќе имаат поставено нов кордон на неколку стотини метри од зградата на локалната самоуправа во Звечан за каде повторно има најави за портести против градоначалниците Албанци во општините со српско мнозинство.

Во вчерашните протести пред седиштето на Општина Звечан беа повредени најмалку 53 лица, во кои припадниците на КФОР употребија солзавец за растерување на толпата граѓани, кои возвратија со камења, стаклени шишиња и други предмети.

Вчера српскиот претседател Александар Вучиќ, во своето вонредно обраќање до јавноста, го обвини премиерот на Косово, Албин Курти, дека е одговорен за случувањата пред општинската зграда во Звечан каде што дојде до судир меѓу припадниците на мисијата на НАТО – КФОР и косовските Срби кои излегоа на протести.

Вучиќ, денеска, во Белград има средба со амбасадорите на Квинтата (САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија) и со шефот на делегацијата на Европската Унија.

На средбата присуствуваат и министерот за одбрана Милош Вучевиќ и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, Милан Мојсиловиќ.

Според најавите Вучиќ денеска треба да се сретне и со амбасадорите на Русија и Кина.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во САД ранети девет лица, меѓу кои и едногодишно дете

Следно

Турскиот претседател доби над 100 честитки за повторниот избор на неговата функција

Latest from Blog

На вториот ден од прекинот на огнот израелската армија ги предупреди либанските цивили да не влегуваат во 10 јужни села

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија денес ги предупреди либанските цивили да не се приближуваат до 10 села во Јужен Либан, каде постигнатиот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Либан влегува

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа, изјави денеска шефот на Делегација на ЕУ во земјава, Михалис Рокас. На прес-конференција во Битола, евроамбасадорот Рокас нагласи дека очекува

Славески до приватните превозници: Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели „градоначалничката Арсовска треба да сноси одговорност затоа што врши диверзија во една витална дејност како што е јавниот градски превоз. Имено, по оној

Гаши: Ќе се обидеме да ја смениме формулацијата 20 проценти за албанскиот јазик

Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека „ќе се обидат да ја променат формулацијата  „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“ и истакнува дека тоа е прашање на
Go toTop