Ќерката на Пеп си поигра со навивачите на Реал Мадрид

May 18, 2023
1 min read

Пеп Гвардиола се најде на удар на навивачите на Реал Мадрид поради провокациите по синоќешната победа над Манчестер Сити (4-0), но страстите не стивнаа доволно кога видоа што потоа објави неговата ќерка Марија.

По натпреварот на „Етихад“, Пеп Гвардиола беше во центарот на вниманието поради контроверзната фотографија која беше објавена на која Гвардиола крена четири прсти во воздух алудирајќи на победата против својот најголем ривал.

Сепак, по Гвардиола на удар се најде и неговата ќерка Марија, која со објава на Инстаграм му даде поддршка на својот татко.

Марија, исто така, реши да ги испровоцира навивачите на Реал Мадрид со објава на Инстаграм откако ја виде лавината критики што нејзиниот татко ја доби за контроверзната фотографија која се појави по натпреварот.

Таа синоќа беше на „Етихад“ за да ги бодри својот татко и Манчестер Сити, а по мечот со порака до Пеп објави како изгледа семафорот на кој пишува 4-0.

„Уште една фудбалска демонстрација на генијалноста на Пеп Гвардиола. Толку сум горда, те сакам“, напиша Марија, но на навивачите на Реал им пречеше тоа што таа ги стави семафорот и резултатот во преден план.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гувернерот на Флорида влегува во трката за претседател на САД

Следно

Повеќе од 900 Евреи екстремисти упаднаа во Ал Акса

Latest from Blog

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници
Go toTop