Кејт Мидлтон го одбележа 44. роденден со лично видео

January 9, 2026
1 min read

Принцезата
од Велс, Кејт Мидлтон, денеска го одбележа својот 44. роденден со објава на
видео во рамки на серијата „Мајка природа“, во кое им се заблагодари што ја
преживеала борбата со ракот.

Видеото
„Зима“, последниот дел од едногодишната серија, ја прикажува принцезата за
време на утринска прошетка во Беркшир, во близина на нејзиниот дом во Виндзор,
додека преку лична нарација ја опишува својата поврзаност со природата и
начинот на кој таа ѝ помогнала за време на закрепнувањето, пишува „Дејли мејл“.

Во видеото,
принцезата зборува за „стравовите и солзите“, но и за благодарноста што
преживеала и што преку природата пронашла внатрешен мир.

Кенсингтонската
палата нагласи дека серијата „Мајка природа“ претставува рефлексија за силата
на природата и нејзиното влијание врз човечкото исцелување и раст, истакнувајќи
ја важноста на меѓусебната поврзаност – со себеси, со другите и со природата.

Принцезата
во јануари 2024 година имала операција на абдоменот, по што поминала низ
хемотерапија.

Во март
истата година ја објави веста за својата дијагноза, а во септември соопшти дека
го завршила лекувањето, додека во јануари 2025 година објави дека е во
ремисија, со напомена дека нејзиното враќање на кралските должности ќе биде
постепено.

Серијата
„Мајка природа“ се објавува квартално и ги следи годишните времиња, а новата
епизода е снимена и во Камбрија, Глостершир, Лондон, Источен Сасекс и
Котсволдс.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грција повикува луѓе да живеат на остров: Бесплатно сместување, храна и 500 евра месечно (ВИДЕО)

Следно

Божиновска: 2025 беше година на ред, реформи и стабилност во енергетиката

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип продолжува со еко-акции

Денеска во село Петршино се спроведе акција за чистење на дивите депонии, како дел од пошироката еко-иницијатива на Општина Пробиштип. Следната локација за чистење ќе биде село Турско Рудари, а потоа акциите

Велика Британија воведува санкции против „Транснефт“

Санкциите се објавени на четвртата годишнина од почетокот на војната. Британската влада соопшти дека „Транснефт“ е еден од најголемите оператори на цевководи во светот и транспортира повеќе од 80 проценти од извозот

Двете лица на ЈО и судството: Груби со „обичните“ смртници, нежни со Груби

Вчерашното апсење на некогашниот моќник Артан Груби, предизвика бран реакции во јавноста, но огромна лавина предизвика синоќешната одлуката на Обвинителството и на Судот, наместо во „Шутка” како што се бараше претходно, Груби

Кривична пријава за пет лица поради нелегална сеча и транспорт на дрва

Кривична пријава е поднесена против пет лица за неосвесно работење во службата, кои со употреба на исправа со невистинита содржина и поттикнување и помагање, организирале сеча и транспорт на дрвна маса од

Божиновска: Обезбедуваме стабилно снабдување со нафтени деривати

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на завршната техничка контрола и верификација на мерниот систем на продуктоводот преку кој ќе се транспортира дизел гориво од Рафинеријата во Солун
Go toTop