Ќе си поднесе ли Димитровска од ДКСК оставка?

April 26, 2025
1 min read

Случајот со актуелната претседателка на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, која се најде меѓу осомничените во предметот „Адитив“, ја разгневи јавноста и експертската фела која посочува дека на овој начин првата антикорупционерка наместо борба со корупцијата фрли дамка врз работата на комисијата.

ТВ 24 се обиде да добие одговор дали Димитровска ќе поднесе оставка, но таа остана недостапна.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, смета дека додека не заврши постапката за случајот во која Димитровска е осомничена, би било непримерно да продолжи да ја врши функцијата претседателка на ДКСК. 

Поранешниот антикорупционер, Владимир Георгиев вели дека на овој начин се деградира целата Комисија особено ако се докаже дека претседателката на комисијата наместо да покаже борба со корупција го довела телото во ситуација на продуцирање корупција и недоверба кај граѓаните во инститција за која претходниот состав вложи сериозни напори за стекнување на довербата кјај граѓаните.

Димитровска е една од осомничените во проширената истрага на ОЈО ГОКК за случајот „Адитив“. Осомничена е дека преку апликации за пораки му оддавала службени тајни на друг осомничен  во случајот.

Од ДКСК вчера преку соопштение посочија дека  ќе продолжат да функционираат согласно Закон но и дека како институција остануваат транспаренти и отворени за јавноста и за соработка со надлежните органи.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новак Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на турнирот во Мадрид

Следно

ВИДЕО: Родителите на загинатите малолетници во „Пулс“ велат дека добиле закани дека ќе одговараат

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop