ЌЕ СЕ НАМАЛИ ВРЕМЕТО НА ЧЕКАЊЕ: Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

May 21, 2025
2 mins read

Итна надградба на граничниот премин Евзони, со воведување дополнителни мерки што ќе ги забрзаат контролите и ќе го намалат повеќечасовното чекање за влез и излез од Грција, било одлучено на состанокот свикан од заменик-министерот за внатрешни работи надлежен за областа Македонија-Тракија Константинос Јулекас и секретарот на децентрализираната администрација на истиот регион Јоанис Савас, јави дописничката на МИА од Атина.

Надградбата на копнените гранични премини на Грција, меѓу кои и оној кон нашата земја беше најавена на почетокот на годинава, а се очекува да се намали времето на чекање, кое минатото лето на Богородица-Евзони, поради големиот број туристи, во одредени денови достигнуваше и до пет часа.

Од Министерството за внатрешни работи на Грција, од секторот Македонија и Тракија соопштија дека на состанокот одржан вчера на граничниот премин Евзони се разговарало за надградбата што ќе се одвива на две нивоа.

Едното се однесува на зајакнување персоналот на граничниот премин, „барање доставено до политичкото раководство на надлежните министерства со цел да се скрати времето за проверка на податоците“.

Второто се однесува на функционалното подобрување на инфраструктурата и според планот, целосното реновирање на објектите ќе биде завршено во текот на 2026 година со целосна промена на изгледот на целиот граничен премин.

Заменик-министерот за Македонија и Тракија Константинос Јулекас по состанокот рече дека покрај целокупната надградба на објектите, се обидуваат да преземат мерки за решавање на проблемите, особено во текот на летниот период.

– Овие мерки се однесуваат на тоа како можеме при влезот и излезот да го олесниме поминувањето за да немаме повеќечасовни застои. Се обидуваме да ја зголемиме и брзината на информацискиот систем, за побрзо да се завршува контролата при влез во Грција. Она што разговаравме е да се забрзаат царинските и пасошките контроли и како да успееме, оние што доаѓаат во нашата земја или заминуваат да го видат токму со она што сме, сликата на Европа, рече Јулекас.

Секретарот на Децентрализираната администрација на конкретната област посочи дека приоритет на Владата е надградбата на граничните премини и објасни дека тие подготвиле студија што е испратена до надлежните министерства, а потоа ќе следат следните чекори.

– Средбата што се одржа беше за да се утврди како ова лето да помине во подобри услови, нагласи секретарот.

Според информациите од состанокот, во 2024 година на граничниот премин Евзони биле проверени околу пет милиони пасоши, а во првите четири месеци од годинава околу еден милион.

На состанокот свикан од Јулекас и Савас присуствувале и генералниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Грција, градоначалникот на општина Пеонија, заменик-префектот за инфраструктура и мрежи на областа централна Македонија, заменик-префектот на Кукуш, регионалниот директор на полицијата на областа централна Македонија и други.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средината на јануари годинава, како што тогаш објави МИА, осврнувајќи се на заложбите на Владата за 2025 година, го спомена и подобрувањето на работата на граничните премини и објасни дека надградбата започнува со преминот Кипи во Еврос кон Турција, а потоа ќе следи надградба на сите главни копнени гранични премини (Кастаниес кај Еврос, Евзонои, Лемос во Преспа, Какавија и Кристалопиги).

– Нивната сегашна слика не е соодветна за европска држава како Грција. За прв пат по децении, ќе се изврши градежна и технолошка обнова на сите централни влезни/излезни точки во земјата, со цел побрзо да се опслужуваат посетителите и трговскиот транспорт. Намалувањето на времето на чекање на влезовите и излезите на земјата ќе придонесе за економска и туристичка стимулација на северна Грција, од Тракија до Епир, напиша тогаш Мицотакис.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски исто така во јануари, соопшти дека „со Грција работиме на забрзување на граничниот премин Богородица и за многу кратко време ќе работиме на реконструкција на граничните премини на Дојран и на Меџитлија со цел тие три гранични премини да се функционални“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Средношколците во Белград ќе протестираат пред Министерството за образование поради продолжувањето на учебната година

Следно

Научници тврдат: Мразот се топи со рекордна брзина, нивото на морето не престанува да расте

Latest from Blog

Фото: Емилија Кларк во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по повеќе од една година

По повеќе од година и пол отсуство од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала

ХАОС ПРЕД СРПСКОТО СОБРАНИЕ: Полицијата спречи упад, силни топовски удари, БЛОКАДЕРИТЕ ЗАПАЛИЈА ШАТОР (ФОТО+ ВИДЕО)

Во центарот на Белград, пред Народното собрание, се собрале неколку блокадери, обидувајќи се да предизвикаат хаос, јавуваат медиумите. Според извештаите, блокадерите почнале да фрлаат камења и шишиња кон „Чациленд“. МУП издаде итно

Антони ја “скрши“ Мајорка!

ФОТО: Real Betis Balompié/FB Бетис – Мајорка 3:0. Ова е исходот од вечерашниот меч во Ла Лига во Севиља. И веднаш, уште една одлична партија на Бразилецот Антони кој со два гола

Мицкоски со силна порака за Кичево и кичевчани: Победи соживотот и вербата во вредности

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва испрати силна порака за победата во Кичево. -Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење и се докажа дека

Орце Ѓорѓиевски: Благодарен сум на скопјани за довербата – нема да ја изневерам

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне со реализација на плановите за подобрување на состојбите во главниот град. „Веднаш
Go toTop