Ќе се доделат 3.555 ваучери за туризам за работници со ниски приходи, најави Бектеши

February 9, 2024
1 min read

Министерството за економија, годинава ќе додели 3. 555 ваучери во вредност од по 18.000 денари за одмор во домашни туристички капацитети за работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари, изјави денес министерот Крешник Бектеши.

Јавниот повик, како што информира министерот Крешник Бектеши, ќе биде објавен в понеделник на 12 февруари, а право на учество имаат сите физички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари. За оваа мерка, согласно Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, се обезбедени средства во износ од 64 милиони денари, односно ќе се издадат вкупно 3.555 ваучери.

-Потврдата за одмор на работници со ниски приходи ќе може да се искористи надвор од туристичката сезона во некој од угостителските објекти од Листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб страницата на Министерството за економија.

Потврдата ќе може да се искористи од моментот на добивање до 30 јуни 2024 година и од 15 септември до 1 декември 2024 година, истакна Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Главната цел на оваа мерка за која и изминатите години имаше голем интерес, додаде, е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор, и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона.

-Оваа мерка во минатото даде видливи резултати. Бројот на домашни туристи во континуитет се зголемува во последните години, а бројот на ноќевања веќе и го надмина бројот на странски туристи.

Денеска е краен рок за аплицирање за хотелите кои сакаат да примаат гости со ваучери за одмор.

Тие што не аплицирале досега можат тоа да го направат преку пошта или во Архивата на Министерството за економија, прецизира потенцира Бектеши.

За учество на јавниот повик, како што кажа, барателите до Министерството за економија треба да достават барање кое ќе може да го најдат на веб страницата или во Архивата на Министерството; потврда од работодавецот за висината на исплатена плата и извод од банка за последните три месеци за подносителот и на членовите на потесното семејство; потврда од Агенцијата за вработување со која се докажува дека членовите на потесното семејство не се вработени; за членовите од семејството кои се над 18 години и се средношколци или студенти се доставува потврда од образовната установа.

Покрај тоа барателот треба да достави и фотокопија од лична карта и извод од матична книга за него и семејството; доказ за членовите на потесното семејство (Извод од матичната книга на венчаните, потврда за развод или посмртница за член од семејството); изјава дека барателот морално, материјално и кривично одговара за внесените податоци заверена на нотар.

Барањата со комплетна документација се доставуваат до Архивата на Министерството за економија, на ул. „Јуриј Гагарин“15, Скопје најкасно до 29 февруари 2024 година.

Извор: skopskoeho.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Османи: Граѓаните затекнати во странство по 12 февруари со стари патни исправи, ќе можат да се вратат со патен лист

Следно

Валери Залужни веќе не е командант на украинските вооружени сили

Latest from Blog

Обдукцискиот наод за пациентот Ведат Адеми доставен до кумановското Обвинителство

Институтот за судска медицина до Основното јавно обвинителство Куманово го достави обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми, соопшти денеска Јавното обвинителство. Оттаму посочуваат дека наодот се разгледува во корелација со други докази,

Во Истанбул започнаа разговорите на високо ниво меѓу САД, Украина и Турција

ИСТАНБУЛ (АА) – Трилатерален состанок на високо ниво меѓу делегациите на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Украина започна во Истанбул под водство на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, јавува

Тренерот на АЕК за натпреварот со Алкалоид: Ќе се соочиме со многу квалитетен противник

Ќе се соочиме со многу квалитетен противник. И покрај големата важност на натпреварот, главно е да не брзаме со стратегијата, вели тренерот на грчкиот ракометен клуб АЕК Фредерик Бужан во пресрет на

Израел уби над 100 Палестинци во нападите врз Газа

АНКАРА (АА) – Повеќе од 100 Палестинци се убиени во неколку напади спроведени од израелската армија во северниот дел на Газа, јавува Анадолу. Медицински извори за Анадолу изјавија дека израелската армија извршила

Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче, ќе се изведуваат дополнителни докази

Денеска во Основен кривичен суд продолжува судењето за грозоморните убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. На денешното рочиште се очекува да заврши доказната постапка и да се почне со
Go toTop