Ќе нема рефундација, ФЗОМ планира „Клексанот“ да го стави на рецепт – Преговори „Ксарелто“ да се најде на позитивната листа, производителите немаат волја

February 14, 2025
1 min read

Фондот за здравствено осигурување планира да направи измени во правилниците во однос на позитивната листа, со кои меѓудругите, антикоагулансот клексан ќе може да се подигне на рецепт во аптеките, наместо да се прави рефундација.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски денеска истакна дека побарале да се направат две измени во правилникот за позитивна листа со кои прво ќе може да се врши преместување од една во друга позитивна листа, има болничка и аптекарска, Фондот да може да покрене иницијатива, како и Фондот добие право за преговарање на цените на лековите кои се на позитивна листа.

-Позитивната листа е форма на субвенции за одреден лек и сметаме дека кога веќе државата обезбедува судбевнции за продажбата на одреден лек кој е на позитивната листа, Фондот треба да има право да преговара со производителот или дистрибутерот за неговата цена, а не автоматски да биде големопродажната цена. Констатиравме дека со претходното зголемување на позитивната листа сите производители ја користеле максималната цена, вели Клековски.

Директорот посочува дека на листата треба да бидат вклучени лекови кои ќе бидат понудени по пониска цена и затоа даваат субвенција. Според него нема логика да даваат субвенција ако нема преговори за цената.

-Во прв план ни е префрлување на антикоагуланси, бидејќи тие се веќе на болничката листа, на пример Клексан. Да не се рефундира Клексанот, туку да може да се подигне на рецепт. Се надевам дека час поскоро, штом Комисијата почне да функционира и се направат овие измени на правилниците, дека ќе го имаме првото зголемување со антикоагуланси. За ксарелто кое е антикоагуланс во таблетарна форма, покрај нашата волја, производителите немаат волја да го вклучат тој лек на позитивна листа. Тоа е двостран процес. Се обидуваме да разговараме со еден од производители, да биде вклучен тој лек по пониски цени од сега бидејќи кај повозрасната популација со кардиолошки проблеми е релативно често употребуван, истакна Клековски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Преку Бугарија транзитирани рекордни количества на руски гас

Следно

Петрушевски: Љупчо Коцевски премолче за сите криминали на СДСМ

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop