Ќе има ли примирје во Газа?

February 27, 2024
1 min read

Претставен нацрт-предлогот за прекин на огнот во појасот газа…Иако примирјето ќе биде само привремено, двете страни ќе се обврзат да разменат голем број на заробеници но и да прекинат со меѓусебните напади во периодот кој следува.

Странските посредници во изминативе денови ги засилија напорите да обезбедат прекин на огнот во појасот со надеж дека ќе спречат натамошни израелски напади врз рафа, градот во кој засолниште најдоа над еден милион раселени палестинци…

„Примирјето треба да трае 40-дена, период во кој Хамас ќе ослободи околу 40 заложници – вклучувајќи жени, помлади од 19 или постари од 50 години и болни. За возврат ќе бидат ослободени околу 400 палестински затвореници. Израел ќе ги премести своите трупи надвор од населените области. На жителите на Газа, освен на мажите кои можат да се борат, ќе им биде дозволено да се вратат дома во областите претходно евакуирани, а помошта ќе биде зголемена.“ – Ројтерс.

Од Белата куќа се надеваат дека до крајот на неделата, двете страни ќе успеат да постигнат ново примирје. Претседателот на САД, Џо Бајден, вели дека Израел го намалил бомбардирањето на Рафа а армијата одобрила евакуација на голем дел од населението на градот пред да стартува офанзивата.

„Се надевам до крајот на викендот. Мојот советник за национална безбедност ми вели дека сме блиску, но се уште не сме готови. Се надевам дека до понеделник ќе имаме прекин на огнот.“ – изјави Бајден.

Претставници на Хамас пак за западните медиуми тврдат дека забелешките на Бајден кои сугерираат дека договорот е веќе постигнат се предвремени и дека во моментов, се уште има проблеми кои треба да се премостат.

А додека борбите во енклавата продолжуваат со засилено темпо, палестинската црвена полумесечина одлучи да ја суспендира работата во Газа на 48 часа, неможејќи да ја гарантира безбедноста на своите тимови, но и болните и цивилите кои се заглавени во појасот.

„Досега извлековме дваесетина тела. Деца, жени и постари лица. Се уште слушаме повици за помош од под урнатините.“ – вели Абу Реем Муарам жител на Газа.

„Ги извлековме сите од под урнатините освен мојот син. Тој веќе беше мртов.“ – вели Шариф Муамар жител на Газа.

Од Обединетите нации пак предупредуваат дека количеството на испорачана помош во Газа е преполовено во февруари во однос на претходниот месец.

 

„Помошта треба да се зголемува, а не да се намалува, за да се одговори на огромните потреби на два милиона палестинци кои живеат во очајни услови.“ – изјави Филипо Лазарини, шеф на агенцијата на Обединетите Нации за помош на палестинските бегалци. 

Во судирот меѓу Израел и Хамас, што почна на 7 октомври минатата година, досега животот го загубија над 29.500 палестинци и околу 1.300 Израелци.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Египет по воздушен пат достави хуманитарна помош во Појасот Газа

Следно

Зијадин Села поднесе барање до тетовскиот суд да биде заведен како претседател на Алијанса за Албанците

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка
Go toTop