Казната за послужување алкохол на малолетници е 4.000 евра

February 2, 2025
1 min read

Пазарниот инспекторат најави засилени контроли низ целата држава за спречување на точење алкохол на малолетници, најавувајќи строги санкции за угостителите кои ќе бидат затекнати во прекршок. Казните достигнуваат до 4.000 евра, а во одредени случаи се изрекува и забрана за работа во период од еден месец.

Консумацијата на алкохол е најзастапена за време на викендите во ноќните клубови и баровите, каде често има млади под 18 години. И покрај законската забрана, често се случува да не се бараат лични карти, а малолетници слободно да купуваат алкохол.

Од Пазарниот инспекторат нагласуваат дека контролите ќе се спроведуваат со асистенција на полицијата, а угостителите се должни да ја проверат возраста на секој што нарачува алкохол.

Минатата година во Скопје и Битола беа спроведени акции во угостителски објекти, при што беа затекнати малолетници кои консумирале алкохол, а беа откриени и кривични дела поврзани со точење алкохол на малолетници.

Иако законите предвидуваат високи казни, реалноста покажува дека неретко тие не се почитуваат, а казнивоста е ниска. Инспекторите посочуваат дека контролните механизми се соочуваат со предизвици, бидејќи инспектор мора да биде присутен во моментот на продажбата за да може да се документира прекршокот.

Според податоците на Светска банка, во 2020 година Македонците во просек испиле 4,40 литри алкохол по глава на жител. Во Европската унија, во истиот период, потрошувачката на алкохол е намалена за 0,5 литри.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стојаноски: Владата се грижи за животниот стандард на граѓаните, нема да го дозволиме ваквото однесување на трговците

Следно

Наставниците од март ќе добијат повисока плата – учениците ќе имаат општествено корисна работа

Latest from Blog

Некогаш една од најубавите плажи во Преспа, денес запуштена: Мештаните сами го чистат Стење

Плажата во Стење некогаш важеше за едно од најубавите и најпосетуваните места на Преспанското Езеро. Во 2015 година таа беше уредена со песок и дополнителни содржини, а потоа привлече голем број домашни

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Се зголемува бројот на загинати, 20 згради урнати во еден град(Обновено)

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните

Во Македонија 13 случаи на Западнонилска треска

Од почетокот на сезоната на комарци, повеќе од 240 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус се регистрирани во седум европски земји, а според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на

Шок за Ханси Флик: Ѕвездата на Барса потешко се повреди, го чека долга пауза

ФОТО: FC Barselona/FB Шок за Ханси Флик на утринскиот тренинг. Фудбалерите на Барселона целосно се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а утрово одработија нов тренинг во својот тренинг центар, но заврши
Go toTop