Казахстан: Во Астана започна 10. Самит на Организацијата на туркиските земји

November 3, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Во главниот казахстански град Астана денес започна 10. самит на Организацијата на туркиски земји (ОТС), јавува Анадолу.

Како што соопштија од Кабинетот на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев, на настанот присуствуваат и лидерите на Туркије, Азербејџан, Унгарија, Киргистан, Туркменистан и Узбекистан.

Самитот започна со состанок на Советот на министрите за надворешни работи на таа група, на кој шефот на дипломатијата на Казахстан, Мурат Нуртлеу, изрази загриженост за ситуацијата во Појасот Газа и повика на отворање хуманитарни коридори.

„Нашата земја е многу загрижена поради ескалацијата на насилството на Блискиот Исток. Ние се приклучуваме на соработката со меѓународната заедница и повикуваме на итен прекин на огнот. Отворањето хуманитарни коридори за жителите на Газа е приоритетна задача на казахстанската дипломатија“, нагласи тој.

Министерот за надворешни работи на Казахстан ги повика двете страни да се фокусираат на мировните преговори.

Лидерите на земјите членки на Организацијата на туркиските земји, исто така, се состанаа во рамките на Самитот.

Организацијата на туркиски земји, порано наречена Туркиски совет, е основана во 2009 година како меѓувладина организација составена од истакнати независни туркиски земји што работат заедно да ги зајакнат меѓусебните односи.

Нејзини членки се Туркије, Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Узбекистан, додека Унгарија, Туркменистан и Турската Република Северен Кипар имаат статус на набљудувачи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе илјади новопазарци на протест во знак на поддршка на Палестина

Следно

Царина спречи обид за криумчарење брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop