Кацарска за покачувањето на платите на функционерите за 78%: Знам дека кај граѓаните и натаму има голем гнев

September 26, 2023
1 min read

реклама



Добрила Кацарска, претседателката на Уставниот суд објасни за одлуката за покачување на 78% на платите на функционерите. Во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа зошто Уставен донел таква одлука.

„Знам дека кај граѓаните и натаму има голем гнев за таквата одлука. Но, ние како Уставен суд цениме уставност на закон. При носење на одлука ние не знаеме дали тоа ќе има импликации врз буџетот. Постои Закон за исплата на плати за избрани и именувани функционери. Членот 11 е јасен, дека платите се пресметуваат според просечната плата согласно со утврден процент. Од 2009 година почнуваат измени на тој закон, и се носат 12-13 измени. И што се прави? Се внесува стриктно износ врз основа на кои ќе се исплаќаат овие плати, без да биде променет членот 11. Имаме две различни одредби. Државен завод за ревизија при контрола на работењето на Собранието, констатира дека Собранието незаконски и спротивно на член 11 ги пресметува платите на пратениците. И се препорачува да биде применет членот 11. ДЗР тоа го констатира. Немавме друга можност поинаку да одлучиме освен да поведе постапка за членот 4 за Законот за измена и дополнување.  Ако зборуваме реално, оваа постапка требаше да заврши за поништување на членот 4, рековме не нема да поништуваме, ќе одевме со укинување. Затоа што ако поништивме, ќе требаше илјадници евра ќе требаше државата им исплати за изминатите три години на фунционерите за оние кои ќе тужеа, а јас сум убедена дека повеќемината ќе тужеа“, изјави Кацарска.

реклама

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На недојдено засилување Сити му пратиле план за исхрана за да дојде во топ форма

Следно

Кацарска: Се надевам дека ќе се отвори Уставот и во него ќе се внесе и уставна тужба

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop