Кацарска: Позитивен пример на Уставниот суд кога се утврди повреда на слободата на новинар за немилите настани од 27 април

November 18, 2023
2 mins read

реклама


По повод 60 години уставно судство на Република Србија, претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска учествувала и се обратила на Регионална конференција во Белград, а во излагањето посочила на улогата на Судот во примената на Европската конвенција за човекови права, соопштија денеска од Уставниот суд. 

Кацарска во обраќањето посочила дека иако Уставниот суд на Република Северна Македонија нема надлежност да ја оценува Конвенцијата, или пак да постапува по барања за сторена повреда на слободите и правата утврдени со Конвенцијата, сепак Судот како толкувач на уставните норми, ги има предвид и темелните вредности на уставниот поредок, останатите одредби од Уставот, но и релевантните меѓународно-правни документи, а особено општите принципи на Европската конвенција и праксата на Европскиот суд.  

реклама

– Не само што ги применува општите принципи на Конвенцијата, Судот при оцената на уставноста и законитоста го применува и тестот на пропорционалност како алатка на Европскиот суд за оцена на основаноста на ограничување на слободите и правата, рекла Кацарска. 

Од друга страна, кога се зборува за индивидуалната заштита пред Уставниот суд и каква е неговата улога во примената на Конвенцијата, стои во соопштението, Судот има обврска и да ја има предвид праксата на Европскиот суд  при одлучувањето и да ја примени во своите образложенија.

реклама

– Во таа смисла, за мене претставува позитивен пример последната одлука на Судот У.бр.146/2021 од 12 јули 2023 година, кога се утврди повреда на правото на слобода на новинар од Скопје поради непреземање на дејствија од страна на државата за заштита на неговата слобода на изразување како новинар за време на немилите настани во Собранието на 27 април 2017 година. Меѓутоа, треба да се наведат и негативните примери, а од кои исто така може да се научи, но и да се посочи на уште една улога на Уставниот суд на Република Северна Македонија во примената на Конвенцијата, во делот на извршувањето на пресудите на Европскиот суд. Имено, во пресудата на Европскиот суд во предметот Селмани и др. против Република Македонија од 9 февруари 2017 година (67259/14), овој суд меѓу, другото утврди повреда на правото на правично судење од член 6 од Конвенцијата и тоа токму од Уставниот суд, со оглед на тоа што постапувајќи како „суд од прва инстанца“ не им овозможил на подносителите на барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 да има усна расправа пред Судот во предметот У.бр.27/2013, потенцирала Кацарска.

Ваквата обврска, се посочува во соопштението, произлегува и од воведувањето на принципот на супсидијарност со Протоколот бр. 15 на Европската конвенција за заштита на човековите права, со кој државите договорнички на Конвенцијата се обврзаа за применување на системот на ЕКЧП на национално ниво, а Уставниот суд е дел од системот на заштита на слободите и правата.

реклама

– Притоа, во рамките на механизмот на извршување на пресудите на Европскиот суд, Уставниот суд имаше обврска да преземе низа дејствија и мерки во правец на измена на својот дотогашен став и пракса за неодржување на јавна (усна) расправа пред Судот, во случаите кога постапува како „прва инстанца“, рекла претседателката на судот, Добрила Кацарска. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачки до Османи: Ако за луѓето се работи, што направи ти за Македонците во Бугарија како претседавач на ОБСЕ?

Следно

„Литературата во време на конфликт“ – дебата во Чифте амам

Latest from Blog

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop