Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, зборувајќи за измените во Кривичниот законик во вечерашното интервју за ТВ21, рече дека судот може да оформи предмет ако има сомнеж во уставноста на одреден закон или друг акт.
За Уставниот суд да оформи предмет, треба да има сомнеж во уставноста во некој Закон или друг акт. Мора да цени јавноста дека имаме ограничена надлежност. Не би можела сега однапред да коментирам, во смисла дали е уставен или има нешто спротивно на Уставот. Имаме две иницијативи токму за овој закон, и несериозно би било од моја страна ако го кажам мојот став или размислување, од аспект на Уставниот суд дали е овој закон уставен или не, рече Кацарска.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.