КАТЕ КРСТЕВА ЈА ИМАШЕ ШИФРАТА ЗА ЗДРАВЈЕ – СМЕАТА, РЕЧЕ ЃОКИЦА ЛУКАРЕВСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ВО МНТ

January 12, 2023
2 mins read

Катерина Крстева беше почитувана колешка меѓу актерската фела и омилен лик од малите екрани со најголема популарност пред генерациите телевизиски гледачи и радио слушатели, рекоа нејзините колеги на денешната комемеморација во Македонскиот народен театар (МНТ). Крстева, во публиката позната како Мара Попара по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“, почина на 9 јануари на 82 години.

На комеморацијата говореа нејзините колеги од „Хихирику“, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Димче Мешковски преку телеграма, како и Снежана Конеска-Руси.

„Можам со часови, со денови, месеци, години, со векови да говорам за Кате. Но, сакам да ви кажам дека јас како актер, нејзин колега и пријател се чувствувам многу гордо што бев дел од нејзниот живот и таа од мојот. Ние во ‘Хихирику’ бевме како едно семејство. Кога прекина да се емитува, како сите ние наеднаш да прекинавме со животот. Но, навистина се чувствувам гордо, возвишено, затоа што Кате беше моја колешка. Ѝ благодарам за сѐ што направи за мене како актер и за ‘Хихируху’ и за многуте работи што ги игравме во театар, на телевизија, во филмот“, рече Чоревски.

Сестрата на Крстева (лево) и директорката на МНТ Симона Угриновска на денешната комеморација. (Фото: СДК.МК)

Мешковски во телeграмата вели дека Кате беше исклучителна личност, која со својот дух, шарм, хумор и моќ за трансформација остави вечен белег во македонското актерство, реализирајќи голем број хумористични улоги како и во сатирата на Иван Карадак во „Хихирику“. Кате, вели тој, стана симбол за народниот хумор, не само кај нас, туку и во нашата дијаспора во Европа, Австралија и Канада.

„Некој рекол смеењето е здравје. Би било многу едноставно да се влезе во аптека и да се побара една доза здравје, но досега таков фармацевтски производ не е откриен, зошто шифрата за тој лек ја знаеше само нашата Кате. Несебично го раздаваше тој чудесен лек, каде и да се најдеше, на сцена, на естрада, во јавниот живот, секаде каде што беше присутна. Незаборавни се нашите заеднички настапи во ‘Хихирику’, естрадни настапи, но секако и во театарските претстави. И одеднаш, една таква сепристуна личност ја снема од јавниот живот, оптеретена од семејните проблеми за кои не сакаше никој да знае. Ја немаше, а пак беше тука. присутна меѓу нас“, кажа Лукаревски.

Нејзината колешка од МНТ Конеска-Руси рече: „Вечните ривали, Драмски и МНТ. Јас Снешка, малата Снешка, позната како трагичарка, непризнаена хумористка, но по некој случај играч во претставите за деца. Мојата генерација ја имаше таа среќа да сорботува со дамите на МНТ, Мери, Вукосава, Вучкова, Вртева, Љупка Џундева, Катерина Крстева. Кате. Што ме поврза мене со Кате? Се најдов во многубројни претстави во репертоарот на МНТ, но немав конкретни средби со неа. Дочекав да играме заедно во претставата за деца ‘Рекламна бајка’. Колку што се сеќаваме, толку и ќе постоиме, вели една израелска поговорка. Кате, постоиш за нас“.

Од денешната комеморација во МНТ. (Фото: СДК.МК)

Како актерка Крстева е вработена прво во Драмски театар, за во 1964 година да премине во Македонски народен театар, Скопје, каде останува сè до пензионирањето. Првата улога во МНТ и е во драмата „Дон Цезар од Базан“ премиерно прикажана во 1965 година. Останати нејзини позначајни улоги во МНТ се оние во претставите: „Антица“ (1965), „Градскиот саат“ (1966), „Ревизор“ (1966), „Стапица за осум беспомошни жени“ (1966), „Време од вашиот живот“ (1967), „Сенка“ (1967), „Вител“ (1968), „Мајка“ (1968), „Без вина виновни“ (1968), „Бања“ (1968), „Печалбари“ (1969), „Играта на наредникот Мазгрејв“ (1969), „Парите се отепувачка“ (1970), „Живиот труп“ (1971), „Херкул и оборите на Авгиј“ (1971), „Коштана“ (1971), „Зајдисонце“ (1971), „Фома“ (1972), „Животот на Галилеј“ (1972), „Децата на сонцето“ (1973), „Скуп“ (1973), „Хелдерлин“ (1973), „Ѕидот, водата“ (1973), „Хемиските потписи на човечките организми во воздухот“ (1975), „Хеда Габлер“ (1976), „Отепвачка“ (1976), „Бесови“ (1978), „Кенгурски скок“ (1979), „Милион маченици“ (1980), „Остен“ (1981), „Молскавици“ (1981), „Граѓанинот благородник“ (1982), „Воена тајна“ (1984), „Бог“ (1984), „Слободни врски“ (1984), „Иванов“ (1984), „Аудиенција и под нов покрив“ (1988), „Рекламна бајка“ (1989) и последната „Крик“ (1991).

На телевизија и во филм има остварено главни и споредни улоги во сериите и филмовите: „Хихирику“, „Театарче лево коше“, „Трст виа Скопје“, „Македонски народни приказни“, „Поштар“, „Простодушна љубов“, „Погрешно време“, „Битолски лакрдии“, „Волшебното самарче“, „Шеќерна приказна“, „Учителот“, „Милион маченици“, „Едно лето“, „Случки од животот“, „Тврдокорни“, „Пред дождот“, „Во светот на бајките“, „Агенција осамени срца“, „Време за плачење“, „Мост“ и други. Меѓу последните улоги ѝ се во „Преспав“ и „Дедо и внук“.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вардар ќе ги има Јагуриновски и Аларов во битката за титулата!

Следно

Хјуман рајтс воч: Човековите права се кршат низ целиот свет

Latest from Blog

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар

Трамп: Крај на нападите врз енергетските цели; Русија: Да, но имаме услов

Кремљ денес го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мораториум на меѓусебните напади на Русија и Украина врз енергетските капацитети, но Москва веднаш постави јасни услови – бара заштита на

7,3 милиони денари промет на берзата: Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.151,03 поени. Во однос
Go toTop