Катастрофалните поплави во Азија одзедоа повеќе од 30 животи

November 26, 2025
1 min read

Катастрофалните поплави погодија милиони луѓе во Тајланд, Индонезија и Малезија, а најмалку 33 лица загинаа во масовните поплави во јужен Тајланд, објави денес весникот „Бангкок пост“, повикувајќи се на владата.


Повеќе од 2,5 милиони луѓе се загрозени од поплави само во Тајланд, кои следеа по обилните дождови, додава весникот.

Според универзитетскиот професор и експерт за климатски промени, Сери Супратид, може да поминат неколку недели пред поплавните води да се повлечат од особено погодениот округ Хат Јаи на границата со Малезија.


„Луѓето се заробени на покривите, возилата се поплавени, а ранливите групи молат за помош“, изјави Супратид за „Бангкок пост“.

На многу места, екипите за итни случаи можеа да се движат само со чамци. Владата нареди распоредување хеликоптери за доставување храна и помош до семејствата заробени во своите домови во силно поплавените подрачја.


Резервите веќе беа при крај на многу места. Во меѓувреме, националниот туристички одбор стравува од огромни загуби за популарниот регион.

Околу 8.000 туристи, претежно странци од Малезија, Сингапур и Индонезија, се заглавени во хотели и на аеродромот Хат Јаи во последните неколку дена.

Преку границата во Малезија, речиси 10.000 луѓе мораа да побараат засолниште во привремен сместувачки капацитет во државата Келантан. На индонезискиот остров Суматра, илјадници луѓе останаа без покрив над главата откако деновите обилни дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето. Во Индонезија најмалку осум лица починаа, а десетмина се повредени.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот Мицкоски дециден: Никој не го нападнал бугарскиот „новинар“ Перев

Следно

Јуве „заглави“ во Норвешка поради обилни снежни врнежи

Latest from Blog

Коњановски: Инвестиции од над 4,4 милиони денари за спортската сала во ОУ „Елпида Караманди“

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети ОУ „Елпида Караманди“, каде во тек е реконструкција на дел од спортската сала. Како што информираше директорката на училиштето, Емилија Николовска-Спировски, реконструкцијата опфаќа

Андоновски ја поздрави поддршката од ЕУ: Заедно до роаминг по ниски цени и сајбер безбедност

Министерството за дигитална трансформација успешно ја заокружи првата етапа од соработката со Академијата за е-управување (e-Governance Academy – EGA), во рамки на иницијативата „EU Support to Western Balkans Cybersecurity Capacity Building“, финансирана

Македонецот Никола Андреевски меѓу истакнатите бизнис лидери на средба со кандидатот за Конгрес Мајкл Бушар во Мичиген

Истакнати бизнис лидери, претставници на заедниците и политички поддржувачи присуствуваа на приватен настан во Мичиген, каде кандидатот за Конгрес на САД, Мајкл Бушар, се сретна со гости на вечера посветена на економски
Go toTop