Катарскиот тим Ал-Сад му нуди на Модриќ двегодишен договор

June 11, 2023
1 min read

Катарскиот тим Ал-Сад му понуди договор на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

Новинарот на Марка, Рамон Алварез де Мон, пренесува дека на Хрватот му е понуден двегодишен договор со плата од 80 милиони евра, а уште 20 милиони ќе бидат исплатени како бонуси.

Друг новинар, Ромине Молина, известува дека понудата на Ал-Сад е забележителна затоа што содржи клаузула Модриќ да ја преземе тренерската функција веднаш по завршувањето на неговата играчка кариера.

Претходно медиумите објавија дека Хрватот потпишал нов договор со Реал Мадрид со важност до 1 јули 2024 година.

Оваа сезона Модриќ забележа 51 настап во сите натпреварувања и постигна шест гола и исто толку асистенции.
Фото: ЕПА

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ново апсење во Србија за масакрот кај Младеновац

Следно

Овации за нашиот маестро: Симон Трпчески блесна на грчкото оркестарско деби во Солун

Latest from Blog

Сообраќајот се одвива непречено, без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за

Анчелоти го отпиша Нејмар

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, го објави списокот на играчи за претстојните пријателски натпревари против Франција и Хрватска. Фудбалската репрезентација на Бразил ќе игра против Франција во Бостон на
Go toTop