Катарскиот емир ја посети Сирија, се сретна со привремениот претседател во Дамаск

January 30, 2025
1 min read

ДОХА (АА) – Катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад ал Тани пристигна денес во сириската престолнина Дамаск, што претставува прва посета на шеф на држава на Сирија по соборувањето на режимот на Башар ал Асад, јавува Анадолу.

Шеикот Тамим беше пречекан по пристигнувањето на аеродромот во Дамаск од привремениот сириски претседател Ахмед ал Шара, се вели во изјавата на катарскиот „Емири диван“.

Посетата е прва посета на катарскиот емир на Сирија во повеќе од 14 години и прва на арапски или странски шеф на држава од 8 декември 2024 година.

Асад, лидерот на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, што беше на власт од 1963 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КУРИР АНКЕТА: Ѓраѓаните утре ќе им кажат НЕ на маркетите поради високите цени (ВИДЕО)

Следно

ФОТО+ВИДЕО: Елмас промовиран во Торино, клубот му посака добредојде

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop