Катар: Предлогот на Бајден обезбедува патоказ за траен прекин на огнот во Газа

June 4, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Катар денес објави дека принципите што ги претстави американскиот претседател Џо Бајден претставуваат патоказ за траен прекин на огнот во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Бајден денес рече дека Израел претставил трифазен договор со кој ќе се стави крај на непријателствата во Газа и ќе се обезбеди ослободување на заложниците од крајбрежната енклава.

Планот вклучува прекин на огнот, размена на заложници и затвореници и реконструкција на Газа. Вашингтон и Тел Авив, сепак, не се согласуваат околу тој предлог.

„Принципите наведени од претседателот Бајден во врска со прекинот на огнот во Газа и размената на заложници ги исполнуваат барањата на сите страни“, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Мајед ал-Ансари, на прес-конференција во Доха.

Тој додаде дека овие принципи претставуваат патоказ за траен прекин на огнот во Газа и крај на кризата.

Посочи дека засега нема јасни позиции од Израел или од Палестинците во однос на предлогот на Бајден.

„Во Израел има разлики меѓу министрите (за предлогот), при што некои ја поддржуваат иницијативата на Бајден, а други се противат“, рече Ал-Ансари, додавајќи дека „нема јасна позиција ниту на Хамас за иницијативата“.

Хамас претходно соопшти дека „позитивно“ ќе се справи со предлогот на Бајден.

Во понеделникот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека „не е подготвен да ја запре“ војната во Газа, тврдејќи дека изјавите на Бајден за предлогот за прекин на огнот се „неточни“.

Неговите коалициски партнери, десничарскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и министерот за финансии Безалел Смотрич, се заканија дека ќе ја соборат Владата доколку Нетанјаху се согласи со планот на Бајден за прекин на огнот.

Според израелските податоци, се верува дека Хамас држи повеќе од 120 израелски заложници во Газа, вклучително и неодреден број тела.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври и покрај Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

Оттогаш, повеќе од 36.500 Палестинци се убиени во Газа, огромно мнозинство жени и деца, а повеќе од 82.600 се повредени, според локалните здравствени власти.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гарантирање дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Откако осомничениот за убиство проговори, се огласи мајката на Данка: Под голем стрес сум…

Следно

Ердоган: Туркменистан блиску до извоз на гас во Туркије и Европа

Latest from Blog

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според

Ќе оди ли Карпош на предвремени избори?

Замина на боледување, градоначалникот Сотир Лукровски, зад себе остави низа испреплетени реакции како од јавноста така и од опонентите. Законот за локална самоуправа преку Членот 52 меѓу другото објаснува дека градоначалник определува

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клуч за економски развој и регионално поврзување

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Перез: Против нас се водат планирани напади, нема да си одам, останувам претседател!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, објави дека нема намера да ја напушти функцијата. 79-годишниот функционер, исто така, ги негираше извештаите дека има сериозна болест. „Многу ми е жал што морам да
Go toTop