Каталонската полиција го пребарува Парламентот и околината за да го спречи враќањето на Пуџдемон

August 7, 2024
1 min read

Каталонската полиција, во обид да го спречи поранешниот каталонски сепаратистички лидер Карлес Пуџдемон да се врати во Шпанија од егзил за да присуствува на инаугурацијата на новиот лидер Салвадор Ила, ја пребарува зградата на Парламентот во Барселона и остави само еден влез отворен.

Утре можност за влез ќе имаат само акредитираните пратеници и нивниот персонал.

Како што наведуваат странските агенции, затворена е и вратата што го поврзува Парламентот со Зоолошката градина во Барселона, која ја опкружува зградата од три страни.

Каталонската полиција го пребарала и подрумот на Парламентот, за да се увери дека Пуџдемон не се крие таму.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: Ќе ги надополнам стратешките нафтени резерви доколку освојам нов мандат во Белата куќа

Следно

Бајден: Не сум убеден дека ќе има мирен трансфер на власта ако Трамп изгуби на изборите

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop