Каселакис: Ако Владата смета дека е штетен Договорот од Преспа, нека оди со ВМРО да договори корисен договор

May 31, 2024
1 min read

Ако Владата и премиерот сметаат дека Договорот од Преспа е штетен, нека оди кај ВМРО да се договорат за корисен договор, истакна лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис во интервјуто за грчката државна телевизија „ЕРТ“, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на грчката опозициска партија рече дека актуелната Влада и премиерот Кирјакос Мицотакис во 2019 година „го инструментализираа прашањето, го поделија народот и го извадија на улица“.

– И оттогаш, не само што не направи ништо за да ги ратификува позитивните аспекти на овој договор, туку наместо тоа, доаѓа и ни вели: „тоа е штетен договор, но јас го почитувам“. Ако е штетен договор, нека оди кај ВМРО, кое е соседна партија во Европската народна партија, нека оди таму да се договорат за корисен договор, рече Каселакис.

Додаде дека ако навистина Мицотакис не се согласува со Договорот, тогаш „сигурно ќе најде поволен терен кај актуелната влада на Северна Македонија“. 

-Нека оди таму и да направи корисен договор. Во спротивно нека признае дека го инструментализираше и дека уште еднаш го лаже грчкиот народ, додаде лидерот на СИРИЗА за „ЕРТ“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Евакуирана палатата на правдата во Крагуевац поради доајава за бомба

Следно

Украина смее да бомбардира на руска територија со американско оружје

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop