Касами контра Мицкоски, се јави на фб: Ќе (пре)именувам дури 300 улици во Тетово

January 27, 2025
1 min read

Градоначалникот на Тетово Билал Касами, се јави на својот ФБ, но со контра став од владиниот коалициски партнер, партијата на премиерот, Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, која се изјасни дека нема да има преименување на тетовските улици без консензус и без Бадентерово мнозинство.

Касами на фејсбук-профилот ја објави својата изјава, без конкретни аргументи зошто мораат да се (пре)иенуваат дури 300 улици:

„Еден од најважните процеси за општина Тетово беше и именувањето многу улици, кои сме ги нашле без имиња, со броеви, како и улици, кои ние како локални институции, но и централни институции, но и приватни компании, имаат проблеми и им упатуваат на граѓаните разни фактури.

Ние уште од доаѓањето на чело на општина Тетово започнавме со идентификување, регистрирање и сега сме во фаза на официјализирање на именувањето на улиците со одлуката на Советот на општината, кој формирал комисија во состав на членови од овој совет и членови-професионалци од администрацијата, од општината и други граѓани.

Процесот продолжува на коректен начин од сите страни, кој е важен за општина Тетово, заради осовременување на градот и општината со изградба на нови улиции со реализирање нови проекти. Верувам дека со завршувањето на тој процес сите страни ќе бидат победници, зашто секој граѓанин ќе има адреса точна со име и број, на која живее“, напиша Касами.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Остануваме на нашите позиции за Бугарија, но сум подготвен да разговарам со бугарските власти

Следно

КОСТАДИН ШУРБАНОВСКИ СИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОР НА СКОПСКИОТ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,
Go toTop