Касами како неосновани ги оцени обвинувањата од ДУИ за политички притисок во тетовско училиште

December 13, 2023
1 min read

реклама


Како неосновани обвинувања ги оцени тетовскиот градоначалник Биљал Касами денешните забелешки од ДУИ, чија советничка група преку прес-конференција утринава го обвинија градоначалникот и општината за притисоци во основно училиште.

Според тврдењата на советниците од ДУИ, директор поднел оставка поради политички притисок од претставници на Општина Тетово.

реклама

По прес-конференцијата на ДУИ, Касами одговори на обвинувањата по настанот за промоција на завршен проект во месноста Бањиче

– Да имаа основа да постапат согласно тоа што го кажуваат, тие досега ќе постапеа. Имајќи предвид дека во друга ситуација со гимназијата иако немаа основ, само затоа што имаа некоја закачка, ако можам така да кажам, тие постапија и против законски и ги зедоа ингеренциите на градоначалникот. Во овој случај да има и најмала можност да постапат за одземање на ингеренции веќе ќе ми ги земеа ингеренциите, изјави Биљал Касами.

реклама

Обвинувања од Општина Тетово кон централната власт имаше и вчера на тема образование. Раководителот на општинскиот сектор за јавни дејности Назми Даути заедно со дел од раководителите на основните училишта ја обвини централната власт дека ги намалува средствата за тетовските основни училишта. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лидерите на ЕУ и Западен Балкан денес ќе се состанат во Брисел

Следно

Промоција на научната студија „Типологија на писмото“ од Игор Радев во МАНУ

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop