Карим Бензема донесе одлука за неговата иднина во Реал Мадрид

April 9, 2023
1 min read

Карим Бензема веќе долго време е член на Реал Мадрид, тим во кој во последниве неколку години е клучен играч, ас без кој не може да се замисли шпанскиот великан.

Меѓутоа договорот на Французинот со Реал му завршува во месец јуни и тоа секако остава простор за заинтересираните клубови да го „украдат“ голгетерот. Една од опциите која се споменуваше беше преселба во Саудисна Арабија, но според реномираната „Марка“ нема ништо на оваа тема затоа што Карим има само една цел.

-Се зборуваше дека Бензема размислува за понудата од Саудиска Арабија. Сепак милионите евра не ја променија неговата желба да ја обнови соработката со Реал. Французинот не сака да го стори истото како и Кристијано Роналдо кој отиде во Саудиска Арабија.Во Реал постои непишано правило според кое играчите кои освоиле Златна топка добиваат нов договор. Бензема сè уште официјално не ја продолжил соработката со Реал, но и двете страни сакаат тоа да се случи во наредниот период, -заклучува „Марка“.

Бензема од 2009 година е во Реал и досега има освоено 24 трофеи со овој клуб.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Плачи, твоето дете нема да се роди“: Оваа реченица е причината за тепачката меѓу славните фубалери?!

Следно

Четворица планинари загинаа во лавина на француските Алпи

Latest from Blog

Новата гардероба ја губи бојата после првото перење – Тајната на постојаноста се крие во кујната, потребна е само една состојка

Новата гардероба, особено темните и интензивни бои, често ја губат живоста по првите неколку перења. Причината е едноставна, бојата кај новите парчиња облека не е целосно врзана за влакната, па под дејство

УБАВИНА БЕЗ ФИЛТЕР: Зошто природниот изглед се враќа, по години перфекционизам

Уморни сме од совршенството што не постои – и конечно ја избираме автентичноста пред илузијата. Со години гледаме лица без пори, тела без несовршености и животи без грешки. Филтрите станаа вообичаени, а
Go toTop