Карикатура во француски весник предизвика гнев поради исмевањето на гладот на жителите на Газа за време на Рамазан

March 12, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Карикатурата што го прикажува гладот на Палестинците во Газа за време на светиот муслимански месец Рамазан, објавена во францускиот дневен весник „Либерасион“ (Libération), предизвика гнев на социјалните мрежи, при што некои остро го критикуваа популарниот дневен весник за исмевањето на „геноцидот“ на израелските сили во опколената енклава, јавува Анадолу.

Карикатурата, нацртана од Корин Реј за дневниот весник, ги исмева гладните луѓе во Газа во екот на израелските напади.

Цртежот прикажува разурнат град во заднина и рака што излегува од урнатините. Човек што тешко дише брка два глувца и бубачки по улицата. Жена како седи на улица со прегладнето дете до неа и налутено вика кон мажот што трча, велејќи: „Не пред зајдисонце.“

Насловот на карикатурата гласи „Рамазан во Газа – почетокот на месецот на постот“.

Корисниците на социјалните мрежи оставаа лути коментари под објавата на „Либерасион“ на платформата X, изразувајќи го својот гнев поради цртежот во кој се исмева „геноцидот“.

Многу корисници сметаат дека карикатурата ги исмева жителите на Газа што се лишени од основните потреби и хуманитарна помош и се оставени да гладуваат.

Други прашуваа зошто сличен цртеж не е нацртан за тековната руско-украинска војна.

Израел спроведува смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, во кој се загинати речиси 1.200 луѓе.

Оттогаш во израелските напади врз Појасот Газа загинати се над 31.100 Палестинци, главно жени и деца, а над 72.700 се повредени.

Израел, исто така, воведе целосна блокада врз Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на Северна Газа, на раб на глад.

Според палестинското Министерство за здравство, најмалку 27 лица починале од неисхранетост и дехидрација во Газа поради израелската блокада.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се раселат, каде што постои акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пред 21 година беше убиен Зоран Ѓинѓиќ

Следно

Денеска се навршуваат 21 година од убиството на Зоран Ѓинѓиќ

Latest from Blog

Трамп: САД нема да брзаат со признавањето на Сомалиленд, прашањето треба детално да се проучи

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД нема брзо да го следат Израел во признавањето на независноста на Сомалиленд, наведувајќи дека прашањето сè уште треба да се „проучи детално“. „Сè е

ВИДЕО Еруптира вулканот Етна

Вулканот Етна на островот Сицилија вчера покажа обновени знаци на активност, исфрлајќи блескав материјал и мали количини пепел од својот североисточен кратер, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV). Пладот

ВЛЕН одржа митинг во Скопје за поддршка на „Самоопределување“ пред косовските избори

Вчера, во просториите на Албанскиот театар во Скопје, коалицијата ВЛЕН организираше масовен митинг во поддршка на движењето „Самоопределување“, во пресрет на парламентарните избори што ќе се одржат на 28 декември во Косово.
Go toTop