Карго брод што превезувал опасни материи потона во близина на јужниот брег на Индија

May 25, 2025
1 min read

Контејнерски брод што превезувал опасни материи потона во близина на брегот на Индија, а 24-те членови на екипажот се спасени.

Бродот „Ем-ес-ел ЕЛСА 3“ (MSL ELSA 3), долг 184 метри, пловел под знаме на Либерија од пристаништето Визианагарам до пристаништето Кочи во државата Керала, во јужна Индија. Бродот испратил повик за помош, при што на местото на несреќата пристигнале авиони на индиската морнарица.

Екипажот на потонатиот број бил составен од морнари од Грузија, Украина, Русија и Филипини.

Бродот превезувал 640 контејнери, од кои 13 беа со опасни материи и 12 со калциум карбид. Индиското Министерство за одбрана не прецизираше за какви опасни материи биле транспортирани. Калциум карбид се користи во хемиската индустрија за производство на ѓубрива и во челичната индустрија.

Бродот имал и 370 тони гориво и нафта, но досега не е регистрирано излевање.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тешко повреден скопјанец, го удрила локомотива

Следно

Данела Арсовска најави фељтон со „докази за криминал“, тврди дека институциите молчат, а градот постапувал веднаш

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop