Кантонална министерка од БиХ инјектирала филери во жена во тоалет и ѝ го УНАКАЗИЛА ЛИЦЕТО

November 14, 2025
1 min read

Обвинителството на Зеничко-добојскиот кантон (ЗДК) поднесе обвинение против Аида Салчиновиќ, кантонската министерка за здравство.

Општинскиот суд во Високо го потврди обвинението со кое Салчиновиќ се товари за сериозно оштетување на здравјето на пациентката откако неправилно инјектирала дермални филери во јуни 2021 година.

Таа е министерка од 2023 година.

Според Обвинителството, постапката била извршена надвор од овластената и медицински подготвена зона, без пропишани услови и без писмена согласност од пациентката. Во обвинението се наведува дека на 14 јуни 2021 година, таа ги ставила/аплицирала филерите во тоалетот, по што пациентката И.Б. имала сериозни и трајни здравствени последици.

Во обвинението се наведува создавање на значително лузно ткиво на десната страна од лицето, деформирачка лузна од внатрешниот агол на окото до образот, асиметрија на зигоматските региони, влошување на мускулите и поткожното ткиво и трајно оштетување на изразите на лицето на десната страна од лицето. Слични промени се случиле и на левата страна од лицето.

Во времето на постапката, Салчиновиќ работела како лекарка за итна медицинска помош во Зеничката кантонска болница, додека од 2023 година ја извршува функцијата министерка за здравство, пишува Klix.ba.

По потврдувањето на обвинението, ќе следи судење пред Општинскиот суд во Високо.

На фотографијата е прикажана Аида Салчиновиќ. Скриншот: YouTube/IPD – Институт за население и развој

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дон Карло смета дека неговиот Бразил не е меѓу фаворитите на СП!

Следно

Финансиски извештаи, кадровски промени и нови проекти – одлуките на денешната седница во Прилеп

Latest from Blog

Направете ги овие 3 работи во новогодишната ноќ за да привлечете пари во 2026

Како што деновите и часовите се приближуваат кон полноќ на 31 декември, дури и најреалистичните луѓе стануваат малку сонувачи. А народните верувања оставија едноставни, но ефикасни ритуали кои помагаат да се привлечат

ВИДЕО: Запалено игралиште за баскет во Радишани

Вечерва е намерно запалена баскет подлогата на игралиштето во Населба Радишани, објави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. -Станува збор за едно од најубавите баскет игралишта во државата. Терен покриен со сертифицирана

Украина нареди евакуација на повеќе од 40 градови и села во областа Дњепропетровск

Украинските власти наредија задолжителна евакуација од неколку населени места во округот Синелниково во регионот Дњепропетровск. Одлуката се однесува на повеќе од 40 градови и села, соопшти денес прес-службата на територијалната заедница Покровске.
Go toTop