Кањонот Синек во турски Дијарбакир, привлечна дестинација за домашните и странски туристи

July 6, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Со своите природни убавини и бенифитите што ги има по здравјето на луѓето Чермик во југоисточната турска област Шанлиурфа ги пречекува посетителите во сите четири сезони од годината со своите термални извори, геолошките форми што наликуваат на самовилските оџаци и водопади, а во летните месеци особено се издвојува по својот водотек и кањонот Синек, јавува Анадолу.

Чермик, кој го посетуваат и домашни и странски туристи, придонесува за развој на туристичката разновидност во регионот нудејќи прошетки во природа, кампување и активности што се спроведуваат покрај вода во текот на летото.

Поради високите температури во летните месеци во Дијарбакир и околината, посетителите го претпочитаат кањонот поради студената вода и природната климатизација на подрачјето.

Во подрачјето постојат патеки за прошетки во природа и откривање на природните убавини во должина од скоро 60 километри.

Тука минува и таканаречениот Кралски пат, кој бил рута на важни трговски патишта низ историјата.

Водопадите во Јабанарди и Шејхандеде, како и водотекот и кањонот Синек се најголемите карактеристики на Чермик.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестинците го осудија планот на американската фирма за присилно раселување на жителите на Газа

Следно

Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

Latest from Blog

ИЗРАЕЛ ВЕЌЕ НЕМА ДА НАПАЃА ЕНЕРГЕТСКА ИНФРАСТРУКТУРА – ако Иран му се настрви на Катар, ќе се соочи со ПЕКОЛ од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел повеќе нема да извршува напади врз главните објекти за природен гас во Иран. Неговата изјава доаѓа во време на зголемени тензии и се чини дека
Go toTop