Камен – темелник за изградба на обиколница на Тетово

February 13, 2024
1 min read

Обиколницата на Тетово која почна да се гради денеска со поставување камен-темелник ќе биде можност возилата од автопатот наместо да влегуваат во градот преку делницата Требош до Непроштено да продолжат на регионалниот пат од Тетово-Јажинце во правец кон Косово. За да се изгради оваа делница од 5,4 километри ќе се потрошат над 12,2 милиони евра.

Техничкиот премиер Талат Џафери и министрите кои присуствуваа на поставувањето камен-темелник потенцираа дека оваа Влада инвестира рекордни средства за инфраструктура.

„Започнавме со реализација на најголемата капитална инвестиција во историјата на нашата земја, изградбата на Коридорот8 и Коридорот 10-д, европски коридори кои ќе нè поврзат со исток и запад, со што Северна Македонија станува клучен транзитен центар. Овие неколку години изградивме и рехабилитиравме 1400 километри патна мрежа, само во патната инфрасктура вложивме преку 2 милијарди евра“, истакна Џафери.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Разговори и апели за крај на војната во Газа

Следно

Сириза го потсетија Мицотакис за не ратификуваните меморандуми од Преспанскиот договор

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop