Камала става крај на старата Демократска партија

July 24, 2024
1 min read

Крајот на претседателскиот мандат на Џо Бајден ќе означува и крај на старата Демократска партија, со корени во либералните идеали и застапувањето за „обичниот човек“, смета Џоел Коткин.

Иако Бајден, на своја штета, реши да ги игра прогресивните ставови кои сега се доминантни во медиумскиот и политичкиот апарат, тој сепак остана човек на старата демократска линија Рузвелт-Труман-Кенеди.

Со Камала Харис, демократите ќе ги паузираат своите историски корени како партија на работниците и ќе гравитираат кон постиндустриската прогресивна политика во стилот на Калифорнија.

Наместо подигање на животниот стандард, акцентот на партијата сега ќе биде ставен на прашања како климатските промени, абортусот, репарациите и тапанење за трансџендери.

Најголемиот победник ќе биде идентитетската политика. И самата кариера на Камала Харис се должи на тоа; жена со мешано расно потекло.

„Очигледно, нејзиното издигнување до потпретседател беше целосно засновано на нејзиниот идентитет како производ на родителите од Западна Индија и Јужна Азија, како и на нејзините XX хромозоми. Доколку биде избрана, таа ќе биде првиот американски претседател на ДЕИ (диверзификација, еднаквост, инклузивност)“.

Нејзините карактеристики ја прават посоодветен кандидат од склеротичниот Бајден но демократите имаат еден суштински проблем: предолго време работничката класа се оддалечуваше од нив и се вртеше кон републиканците. Тоа не почна со Трамп, туку уште со Ричард Никсон и Роналд Реган.

Интересно е мислењето дека демократите изгубија контакт со реалноста и светот на обичниот Американец кога престанаа да слушаат за што пее Брус Спрингстин.

* Види: Демократите не требаше да престанат да го слушаат Спрингстин

Слична динамика се јавува и меѓу етничките групи, особено Латиноамериканците. Малцинствата сочинуваат над 40 отсто од американската работничка класа и до 2032 година ќе бидат малцинство. Ова не е голема утеха за демократите: меѓу нив, Трамп беше пред Бајден долго пред ТВ дебаклот што му ја запечати судбината. Тоа е баш драматична промена. Барак Обама освојуваше околу 70 отсто од латино гласовите.

Историски гледано, демократите ги задржуваа овие гласачи фокусирајќи се на секојдневните проблеми како што се домувањето, платите, условите за живот и работа. Но, нивната денешна база е на друго место, кај професионалната урбана елита чии ставови енормно се разликуваат со огромното мнозинство. Тие повеќе се бават со теми како помалку да се троши гориво или како помалку да се јаде месо, забележува Коткин.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поголем дел од штипските населби утре без вода за пиење, се работи на поврзување на главна водоводна линија

Следно

Министер Бен-Гвир им дозволи на еврејските доселеници да се молат во комплексот на џамијата Ал-Акса

Latest from Blog

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат
Go toTop