Калаџиев: Груби е веќе политички осуден во јавноста како „ноторен криминалец“ и нема судија што нема да го осуди

December 20, 2024
1 min read

Допрва ќе видиме дали има докази и тоа ќе го видат обвибителството и судиите, но засега работите сега се одвиваат на ниво на ПР од страна на Власта. И тоа повеќе во смисла, еве ние испорачуваме, апсиме, отколку тоа да оди низ еден коректен систем што значи дека и презумцијата на невиност е довдена под знак прашање, вели професорот Гордан Калаџиев во емисија на ТВ Клан Македонија.

Сега имаме осуда која се зема здраво за готово од сите па и од претседателката, а се заснова врз база на американската црна листа и тоа создава атмисфера како да е сè завршена работа. Но зошто САД не ни ги дава доказите ако ги има, ако веќе ни се стратешки партнери за да се заврши работата како што треба, вели Калајџиев.

Тоа ме тера одвнатре да ги бранам правните процедури па дури кога станува збор и за Атан Груби, објаснува Калаџиев.

-Затоа укажував и на слабостите на постапката кога почна судењето на Палчо, еве сега и за бегството на Груби. Па и јас да сум на местото на Груби и јас ќе избегам. Груби е денеска претставен во медиумите како ноторно крив. Кога тој ќе се појави на суд, притисокот врз судот ќе биде таков, што нема судија што ќе го ослободи. За неговата кариера тоа ќе биде крај“.

„Ако создавате таква ситуација во општеството на однапред осуденост, со сериозни напади во медиумите или изјави на политичари дека станува збор за ноторен криминалец, тоа во Стразвур може да падне на база на тоа дека таа личност немала фер судење врз основа на целата таа кампања во опшеството. Бидејќи фер судење значи судење врз основа на аргументи, во една нормална мирна атмосфера. Судот си бара мирни услови без некој да му стои на глава. На тој начин судиите се под стрес, смета професорот Гордан Калаџиев.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: Казната на полицаецот да биде памет за секој еден во иднина

Следно

Трибина за Петар Драганов, руски славист и македонист со бугарско потекло, застапник на етнокултурната различност на Македонците

Latest from Blog

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа

Шефицата на британската дипломатија повика да прекинат „ужасните искушенија“ на Џими Лаи

Лаи, 78-годишен британски државјанин, денеска е осуден на 20 години затвор, според законот за безбедност што го воведе Кина во оваа поранешна британска колонија. Во изјава на X од Министерството за надворешни
Go toTop