КАКВА ДРУГА ПОТВРДА НИ ТРЕБА ЗА ТОА КОИ СМЕ ОСВЕН ОРИГИНАЛНИТЕ АВТОРИ, НАШИТЕ ПРЕВЕДЕНИ КНИГИ, ПРЕТСТАВИТЕ, ФИЛМОВИТЕ, ЗНАЧАЈНИТЕ ИЗЛОЖБИ, ВЕЛИ УНКОВСКИ

January 30, 2024
2 mins read

Слободан Унковски, еден од најзначајните современи театарски режисери, професор по режија и глума и промотор на македонската театарска уметност во светот, вчера го доби претседателскиот Орден за заслуги за Република Северна Македонија, а на церемонијата на врачувањето во инспиративниот говор го допре и актуелното прашање за самопотврдата на македонскиот идентитет.

„Наметнатите дилеми и исцрпувачката одбрана на сопствениот идентитет, припадност, нација, се прашања кои самите по себе се решаваат токму со нашата културна присутност, со стимулирање на буен културен живот. Зарем не се потврда за тоа: бројните оригинални автори, нашите преведени книги, претставите, филмовите, значајните изложби? Каква друга потврда ни треба за тоа кои сме и до каде сме? Прашањето е како да дојдеме до свеста за сопствената вредност, како да изградиме концепт и стратегија, ослободени од баластот на сомнежите, и на коруптивните и клиентелистички калкулации? Како уметноста, творештвото да го поставиме како супстанца, врзивно ткиво на себеафирмација, не само во историски континуитет, туку и како знак на модерното, на сегашното време? Тоа се дилемите што ги имам, и по толку години успешно професионално бавење со театарската уметност“, рече Унковски чиј половина век творештво е меѓу белезите на современата македонска култура.

Тој кажа дека патувајќи и враќајќи се дома, води постојан дијалог со својата земја: „Што ѝ значи културата, уметноста, театарот посебно, на Македонија? И зошто сè уште и по 30 години самостојност, како нација, како држава не развивме свест за точката на нашето препознавање во светот? За потребата да ѝ дадеме замаец на нашата културна историја, која со сè што има, лесно можеше и сè уште може да се пробие низ затворениот, компликуван и често игнорантски свет што нè опкружува. Македонија е мала, осиромашена, но и богата земја, со огромен креативен потенцијал, кој не може да дојде до полн израз, но не се предава, зачудувачка е неговата жилавост“.

Унковски рече дека неговата професионална дејност му овозможи да работи во големи и значајни театри во и надвор од земјата, правејќи претстави на класични и на современи текстови, „но она на што сум особено горд, се праизведбите на новите драми од домашните автори, како Горан Стефановски, Русомир Богдановски, Дејан Дуковски, а во регионот на Биљана Србљановиќ, Милена Марковиќ и други“.

„Сепак, актерот на сцената, отсекогаш бил моето најсилно орудие, јазик со кој сум комуницирал и сум ги изразувал своите идеи и творештво. Имав ретка привилегија да работам со најдобрите, од најразлични средини и култури, во изминатите 50 години. Дозволете да спомнам некои од нив: ветераните Петре Прличко, Мери Бошкова, подоцна Ненад Стојановски, Мето Јовановски, до Сара Климовска и Дамјан Цветаноски, Димитрис Каталифос, Марија Нафпљоту, Чери Џонс, Алвин Епстајн, Игор Самобор, Полона Јух, Уве Краус, Сузан Бард, Александра Фајндер, како и со Сергеј Тарамаев, Олег Вавилов, со моите драги Бајруш Мјаку, Ндричим Џепа, Воја Брајовиќ, Мики Манојловиќ, Бранко Цвејиќ и други. Листата брои над 1.000 актери, без другите соработници“, рече Унковски кој се заблагодари на Горан Стефановски „дека постоеше“, како и на сите негови студенти по режија, глума и живот, „за можноста во дијалог со нив да ја артикулирам смислата на нашата работа“.

Претседателот Стево Пендаровски вчера им врачи Орден за заслуги и на писателката Оливера Николова, актерите Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски и Рефет Абази и на музичарот Ристо Вртев.

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сопственик на угостителски објект во Центар нападнал 22-годишник

Следно

Бритни Спирс му се извини на Џастин Тимберлејк и ја пофали неговата песна

Latest from Blog

Поранешен битен пратеник на ДУИ премина во редовите на Изет Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Шамбевски повикува на независна истрага за злоупотребите во СЈО

Сведоштвото на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, е едно од најсериозните и најдиректните откритија за тоа како функционирала злоупотребата на правосудниот систем во Македонија. Ова не е сензационализам – тоа е

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се
Go toTop