Џон Клиз моментално работи на куп паралелни проекти: Шоу во лондонски Вест енд базиран на неговата успешна серија „Фаличен пансион“, театарска адаптација на филмот „Житието на Брајан“, мјузикл на тема од филмот „Рибата наречена Ванда“, води телевизиска емисија наречена „Часот на диносаурусот…“
Објаснувајќи зошто толку многу работи наместо на раат да ги мези убавите години, Клиз признава дека добар дел од мотивите се од финансиска природа, особено по разводот од неговата трета сопруга кој го чинеше 20 милиони долари.
Тој развод од 2008-ма година, после 16 години брачен живот со една американска психотерапевтка, толку го осакати финансиски што веднаш потоа тргна на турнеја наречена „Турнеја за алиментација“.
„Можете ли да верувате дека кога ја запознав, имав прекрасна куќа во Холанд Парк и немав никаква хипотека, а кога раскинав со неа, имав стан на Слоун Сквер и комплетна хипотека? Како сфатија дека вреди 20 милиони долари, не ми е јасно“.
Стариот меѓутоа признава дека не му е жал за парите што ги дава за подмладување: 17.000 фунти годино за терапија со матични клетки. И тоа го прави последниве 20 години.
Вака тој го сфаќа механизмот:
„Овие клетки патуваат низ телото и кога ќе откријат место на кое му треба поправка, упаѓаат и ги поправаат работите“ вели Клиз порачувајќи дека најважно е да се работи со квалитетни матични клетки кои тој ги набавува од Монтре, Швајцарија.
Признава дека го подмладува и неговата сегашна сопруга, Џенифер Вејд, која од него е помлада 32 години. Веројатно го опушта и сознанието дека сега на свое име нема ниту имот ниту автомобил.
А парите се тие и не се жали:
„Никогаш не мислев дека мора да се има многу. Најважно е да имате пари за добра храна, да си подновите облека двапати годишно и да си пружите убави одмори“.
ИЗВОР: off.net.mk